33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Стармер си копа дупка во Тирана, додека Ториевците беснеат за едно знаме

Пишува: Џон Крејс / Гардијан 

За време на премиерските прашања во средата, Кир Стармер изјави дека Конзервативната партија оди кон ментална пропаст. Веќе следниот ден, Ториевците возвратија: „Држи ми го пивото, не си видел ништо уште!“ Очигледно описот на премиерот го сфатија како предизвик. И решени се да го прифатат.

Заборавете на Украина и Газа. Заборавете на економскиот раст и бројките за миграција. Во четврток наутро, најважното прашање за сенчестиот министер за финансии Ричард Хоулден и другите конзервативци беше тоа што Даунинг стрит одбила да го истакне знамето на Мидлсекс по повод Денот на Мидлсекс.

Нема врска што Мидлсекс речиси и не постои веќе. Нема врска што ретко кој го препознава тоа знаме, освен неколку фанови на крикет клубот. И што само двајца луѓе можеби имаат поглед на јарболот во Даунинг стрит. Сепак, според нив, ова беше навреда за полкот од Мидлсекс и неговата улога во Битката кај Албуера. Јасно, нели?

„Кир Стармер би сакал повеќе да истакне бело знаме на предавање!“, беснееше Хоулден, сè понестабилен. Ни ден не поминува без да им биде благодарен на ѕвездите што Наполеон е поразен. Уште еден странец што сакал да ги покори храбрите Британци. Како ЕУ. Дајте ми сила.

Додека Ториевците имаа колективен нервен слом во живо, Стармер беше зафатен со последната тура од својата иммиграциска турнеја низ „островот на туѓинци“. Во четврток, тоа беше Тирана, каде го пречека 2 метри и 1 цм висок премиер на Албанија, Еди Рама. Разликата во висина беше впечатлива – како да стоеше во дупка, Стармер едвај гледаше преку пултот.

Ова беше прва посета на британски премиер во Албанија, и Рама беше видно благодарен. Но, имаше и изненадување: Албанија не била расположена да стане центар за прераспределба на баратели на азил што другите земји не ги сакаат.

„Нашата соработка со Италија беше исклучок“, рече Рама. Посебна врска. Географски и емотивно. Беше премногу љубезен да спомне дека договорот заглавил и во италијанските судови. Според него, тоа со Мелони беше како брак – а со Британците не бара авантура за една ноќ.

Очигледно, ова го изненади Стармер. Слушалката му снема сигнал, па си го тапкаше увото да провери дали добро слушнал. За жал, слушнал. Медиумите беа убедени дека една од целите на оваа посета е токму договарање на таков „хаб“. Но сега сè изгледаше збунувачки. Зарем премиерот дошол само за кафе и солидарност за Украина?

Изгледа – да. Стармер звучеше ентузијастички околу идејата за вакви хабови, но не и за Албанија. „Тоа никогаш не било на списокот“, тврдеше. Иако не спомена кои земји ги има на ум. Само се надева.

Рама почна да ужива. Потсети дека бројот на Албанци што илегално влегувале во Британија преку мали чамци во 2022 изнесувал 12.000, но соработката го намалила тој број за 95%. Проблемот, според него, речиси исчезнал. Но, Стармер не дојде во Тирана за да ја пофали претходната влада за тоа. Иако токму тоа мораше да го направи – имплицитно.

На крајот, албански новинар побара извинување за негативната реторика на британските политичари кон Албанците. Еди го спаси моментот. „Само некои“, рече – мислејќи на Суела Браверман. Но таа и Ториевците добија што заслужија на изборите минатиот јули.

Рама продолжи – време е да се слават 100.000 Албанци кои легално се населиле во Британија, плаќаат даноци и се интегрирале. Стармер насмевнат, но не ентузијастички. Тој дојде да зборува за „кризата“ со миграцијата, не за успешни приказни. Време беше за ручек. Понекогаш добиваш, понекогаш губиш.

Далеку подобар ден имаше Рејчел Ривс. По низа лоши вести, во четврток таа дозна дека растот на економијата за првиот квартал изнесува 0.7%. Најбрзо растечка економија во Г7. Таа тоа му го кажуваше на секого. Добро за неа. Ќе треба да ужива додека трае – со новите царини, следниот квартал можеби нема да изгледа толку розово.

 

 

 

Related posts

Камшикот, од блиску дојде

admin

БУГАРИЈА, МАКЕДОНИЈА И „ПЛЕМИЊАТА“ ВО АВГАНИСТАН

admin

Македонската економија индиректен заложник на кризата во Украина

admin

Бугарија: 36 години од „големата екскурзија“

admin

Демократите стравуваат дека ова едноставно прашање ќе му пресуди на Бајден

admin

Зошто власта и опозицијата не можат да договорат изборни датуми?

admin