19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Левица“ поднесе кривична пријава против премиерот за трагедијата во Кочани

Пратеничката група на „Левица“ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за кривичното дело „загрозување на правдата“ во врска со трагедијата во Кочани.

Од „Левица“ обвинуваат дека, и покрај констатираните пропусти во работата на Јавниот обвинител Љупчо Кочевски, како што утврдил Владата, постапката за негово разрешување е суспендирана, што според нив, овозможува селективно истражување. Тие посочуваат дека седум лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се поштедени од кривична одговорност.

„Станува збор за раководителот на Државниот пазарен инспекторат во Кочани, раководителот на Одделот за кривични работи во Кочани, раководителот на Секторот за внатрешни работи во Штип, главниот инспектор за економски криминал во СВР Кочани, раководителот на смена во полициската станица во Кочани, сопственикот на приватна безбедносна агенција и директорот на ЈЗУ ИНСТ, Влатко Стојковски“, велат од „Левица“.

Пратеникот Благојче Апасиев предложи премиерот Мицкоски да биде повикан на сослушување во Јавното обвинителство.

Related posts

Арсовска до Мицкоски: Градот Скопје нема надлежност за дивоградби – постапувајте согласно законот

admin

Албанија го забранува ТикТок – промовира насилство кај младите

admin

Паника кај штедачите? Филипче бара одговор што се крие зад најавите за вториот столб

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е уценета, работи по налог на СДСМ и Ахмети

admin

Не е Иран: најтешката нова криза за Трамп може да биде меѓу Турција и Израел

admin

Ако има војна, 34% граѓани би се бореле за РСМ, 51% не

admin