30.9 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
КУЛТУРА

“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание”

Гоце Делчев, револуционер и еден од најзначајните историски личности во македонската историја, и натаму претставува симбол на борбата за национално ослободување и идеолошки инспиратор на македонското револуционерно движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Делчев беше идеолог, организатор и водач на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), а неговата визија за слободна и независна Македонија се темелеше врз масовна народна поддршка и внатрешна мобилизација.

Во продолжение ви носиме неколку изреки на Гоце Делчев:

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

„Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија
на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата – или ќе водиме говеда на касапница.“


„Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.“

„Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.“

„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“

„Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“

„Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.“

„Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.“

„Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“

Related posts

“Ако утре ме нема”: Пророштвото на еден голем човек

admin

Грција и Северна Македонија потпишаа договор за спас на ретки византиски фрески од 12 век

admin

Започнуваат деновите на германскиот филм

admin

Европратеници бараат Русија да не учествува на Венециското биенале

admin

Филмаџиите до Љутков: Филмот е во колапс, очекуваме заеднички решенија за спас на кинематографијата

admin

ДУИ: Калето во Скопје мора да се заштити од интервенции што го загрозуваат неговиот автентичност

admin