-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тајна средба во Речица: Ќе се врати ли Зиадин Села во игра со понуда од ВЛЕН?

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, синоќа се сретнал со претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Зиадин Села, во партиската седиште во Речица, соопштија извори за порталот Тетовасот (TS).

Средбата, според истите извори, била фокусирана на актуелните политички случувања во земјата. Разговорите, како што се наведува, завршиле во позитивна атмосфера, придружени со насмевки и ракување.

Од ДУИ за TS ја потврдиле средбата, но не откриле детали. „Да, имаше средба“, кратко изјавија за порталот.

Во наредните денови, се очекува и состанок меѓу Ахмети и Арбен Таравари, во контекст на последиците по заминувањето на АА од владината коалиција.

Во јавноста кружат информации дека коалицијата ВЛЕН ја понудила на АА предводена од Села функцијата претседател на Собранието – понуда што, според извори, предизвикала незадоволство кај Африм Гаши.

Сè уште е неизвесно дали Села ќе се приклучи на владината коалиција, или ќе избере да остане во опозиција за, како што велат неговите соработници,.

Развојот на настаните се случува во пресрет на локалните избори во октомври, каде што се очекува главната политичка пресметка да биде меѓу Европскиот фронт и коалицијата ВЛЕН.

 

Related posts

Петрушевски ја критикува СДСМ за „театар и циркузи“, истакнува решителна борба со криминалот

admin

Крв, чад и пепел: Британец чудесно преживува пад на авион со над 200 мртви

admin

Рама постави столчиња за дијалог, студентите ги превртеа: Тирана повторно под солзавец и молотови коктели

admin

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

admin

Мицкоски: Ако е мудар Ахмети, ќе сфати зошто е во опозиција

admin

Македонија ја победи Бугарија, а тримуфираше хуманоста

admin