32.8 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Платата испарува на „храна и пијалоци“ – месечните трошоци стигнаа 63.908 денари!

Минималните трошоци за живот на четиричлено семејство во Северна Македонија во мај 2025 година достигнале 63.908 денари (околу 1.038 евра), што е зголемување од 1.217 денари во однос на април, покажуваат најновите пресметки на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пренесува Инбокс7.

Зголемувањето е резултат на повисоките цени на основните производи и услуги, пред сè во категоријата „храна и пијалаци“, каде трошоците скокнале за 954 денари, достигнувајќи 22.434 денари месечно.

ССМ оценува дека економската ситуација се влошила по истекот на владините мерки за ограничување на цените, кои беа на сила до почетокот на вториот квартал од годината. Организацијата предупредува дека без дополнителна интервенција, товарот врз семејствата со ниски приходи ќе продолжи да расте.

Постои јасен тренд на неконтролиран раст на цените, особено на основните прехранбени производи, што значително го намалува куповната моќ на населението“, се наведува во соопштението на ССМ.

Плати не го следат растот на трошоците

Минималната нето-плата во земјата изнесува 24.379 денари, што покрива нешто повеќе од третина (38,15%) од вредноста на синдикалната кошница. За покривање на сите основни трошоци, според ССМ, се потребни 2,62 минимални плати. Од друга страна, со просечната плата од 43.053 денари (податок за февруари), се покриваат околу 67,3% од трошоците, што значи дека за пристоен живот се потребни 1,48 просечни плати.

Во случај на изнајмено живеалиште, месечните трошоци значително се зголемуваат. За семејство кое плаќа кирија за стан од 60 квадратни метри, ССМ пресметува вкупни месечни потреби од 79.283 денари.

Спор околу методологијата

Владата најави дека подготвува сопствен модел на пресметка на минимални трошоци за живот, кој ќе се базира на сезонски производи и ќе се однесува на просечно тричлено семејство. Според надлежните, моделот на ССМ не ги рефлектира целосно пазарните услови и реалните потреби на сите категории граѓани.

ССМ, пак, инсистира дека нивната методологија е конзистентна и го следи трендот на инфлација преку 11 категории на производи и услуги, вклучувајќи: храна и пијалаци, домување, облека и обувки, здравје, лична хигиена, комуникации, транспорт, образование, рекреација, ресторани и останати стоки и услуги.

Апели за зголемување на платите

Во услови на инфлациски притисоци, синдикатите бараат итно зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор, како и покачување на минималната плата на 500 евра. Дополнително, се предлага укинување на ДДВ за основни прехранбени производи како мерка за директно олеснување на трошоците за граѓаните.

Зголемената вредност на синдикалната кошница по завршувањето на владините мерки јасно укажува дека е неопходно усогласување на платите со растот на животните трошоци“, истакнуваат од ССМ.

Засега, од Владата нема официјална најава за конкретни мерки, освен најавената нова методологија за пресметка на трошоците.

СДСМ: Потребни итни економски мерки

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вели дека зголемувањето на минималната синдикална кошничка ја отсликува влошената економска состојба на граѓаните и побара итно преземање мерки од Владата.

Синдикалната кошничка поскапе за 1.217 денари само во текот на мај. Само во делот на храна и пијалаци, зголемувањето изнесува 954 денари. На едно четиричлено семејство денес му се потребни речиси 64.000 денари месечно за основни животни потреби“, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ го обвини владејачкото мнозинство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицискиот партнер ЗНАМ, за, како што велат, „неспособност да се справи со растечките цени и трошоци за живот“.

Според СДСМ, економските политики на актуелната власт водат кон влошување на животниот стандард, додека „граѓаните се соочуваат со секојдневна борба за обезбедување основни намирници“.

Партијата реагира и на наводно трошење јавни средства за луксузна храна од страна на државните институции. „Додека граѓаните преживуваат со кредити, СОЗР склучила договори во вредност од 2,2 милиони денари во април и мај за набавка на октоподи, школки и лосос“, наведуваат од СДСМ.

Во своето барање до Владата, СДСМ повикува на:

  • Покачување на минималната плата на 500 евра;

  • Зголемување на платите во јавниот и приватниот сектор;

  • Укинување на ДДВ за храна со цел реално намалување на цените.

СДСМ останува на страната на граѓаните. Ќе се бориме за достоинствен живот и економија што работи за народот, а не за функционерите“, се вели во заклучокот на соопштението.

Related posts

Ја нарече ДУИ “канцер”, Таравари доби понуда од Меџити

admin

СЕ „КРЧКА“ ПРОШИРУВАЊЕТО НА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО

ninja

Вештачката интелигенција е моќна алатка на пропагандистите

admin

Европа веќе не му верува на Трамп: НАТО влегува во нова ера

admin

Која е тајната на францускиот економски раст?

admin

Секс-скандал ја тресе црногорската АНБ – две оставки и закани што ја шокираа јавноста

admin