22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Спречен терористички заговор? Уапсени две лица во Косово поради ширење екстремистичка пропаганда на интернет

Косовската полиција уапси две лица осомничени за ширење на терористичка пропаганда и идеологија, за време на раноутринска акција во четвртокот во Фушe Косовe и Малишево, соопштија властите.

Операцијата, која беше спроведена од страна на Дирекцијата за борба против тероризам во координација со Специјалното обвинителство, вклучуваше претрес на три станбени објекти и резултираше со апсење на Албан Бибај и Мухамет Муслиу, кои, според извори на Klankosova.tv, биле под набљудување подолг период.

Еден од осомничените, според истите извори, имал роднини кои загинале во Сирија. Повеќе детали се очекуваат откако ќе се објави обвинителниот акт.

„Осомничените се обвинети за поттикнување на поделби и нетолеранција, како и за ширење на пропаганда преку социјалните мрежи“, соопштија од Специјалното обвинителство за Klankosova.tv. „Случаите се водат одделно, а барањето за притвор ќе биде поднесено во рамките на законскиот рок.“

Според Косовската полиција, сите понатамошни чекори ќе бидат преземени во координација со правосудните органи.

Властите не открија конкретни детали за содржината на пропагандата, но нагласија дека осомничените се предмет на истрага поради активности поврзани со екстремистичка идеологија.

Related posts

Таравари ја напушти владата, многу сопартијци му “дезертираа”

admin

Ердоган разговарал со Вучиќ и Курти

admin

Косово се соочува со институционален ќор-сокак поради спор околу оставките на министрите

admin

Зеќири: Банките со рекорден профит, граѓаните сè подлабоко во долгови

admin

Меѓународните набљудувачи: Локалните избори беа конкурентни, но засенети од правни недостатоци и политичка поларизација

admin

Обвинители постапувале по првата пријава од Арсовска

admin