35.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарија и Северна Македонија договорија брза изградба на транграничен железнички тунел и унапредување на Коридор 8

Бугарија и Северна Македонија ќе го финализираат договорот за изградба на железнички тунел на границата меѓу двете земји, соопшти бугарската агенција Focus.

На средбата во Истанбул, вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, и неговиот македонски колега, Александер Николоски, се согласија да работат на брза реализација на проектот како дел од Европскиот транспортен коридор 8, кој има за цел да ги модернизира и зајакне транспортните врски во регионот.

Караџов изјави дека Бугарија веќе обезбедила 69 милиони евра за изградба на последните 2,4 километри железничка линија меѓу Гјушево и Деве Баир, и дека до крајот на 2028 година бугарскиот воз ќе стигне до граничниот премин Деве Баир.

Тој додаде дека земјата планира да вложи над 1,5 милијарди евра за модернизација на железничката линија од Софија до границата со Северна Македонија, нагласувајќи дека овој проект е „знак за пријателство и соработка меѓу народите од двете страни на границата“.

Двајцата вицепремиери се договорија наскоро да одржат нова средба за усогласување на конечниот текст на договорот за изградба на железничкиот тунел и најавија испраќање на експерти на средбата за Коридор 8 што ќе се одржи во јули, организирана од Европската комисија.

 

 

Related posts

„Вреди“ со пратеник повеќе, „Европски фронт“ – еден помалку

admin

Нова сезона за игри на националистичка карта

admin

Македонија две децении во чекална заради двојни стандарди

admin

Трамп го напушта самитот на Г7 поради кризата на Блискиот Исток

admin

Данас: Можно ли е “Српската листа” да биде прогласена за терористичка организација?

admin

ЕСМ следната недела ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

ninja