24.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски европратеник ја разоткри вистината: Зошто Бугарија ја губи битката во ЕП

Европратеникот од Бугарија Ивајло Велчев изјави дека, и покрај одлуките во Европскиот парламент (ЕП) за Северна Македонија, активноста на бугарските претставници во ЕП не е намалена, а проблемите произлегуваат од други влијанија во институцијата, јавува бугарскиот медиум „Стандарт“.

Во последните денови, Комисијата за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија кон Европската унија, но пет амандмани предложени од бугарски евродепутати беа отфрлени.

„Бугарија постигна успех со вклучувањето на бугарската заедница во Северна Македонија во извештајот, како и со потенцирањето на преговарачките рамки кои се клучни за исполнување на нашите барања во уставот на Северна Македонија“, изјави Велчев за бугарската телевизија bTV.

Тој посочи дека многу од амандманите на Бугарија биле отфрлени во текот на работата на извештајот поради мнозинство во работната група кое ги блокирало.

Валчев ја обвини партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, „Патриоти за Европа“, дека во моментов ја поддржува Северна Македонија во ЕП, спречувајќи ги бугарските интереси.

„Не можеме да ги обвинуваме другите земји што работат за своите цели. Прашањето е што прави Бугарија за да има исти механизми и успех како другите“, рече Велчев.

Тој ги одби обвинувања дека бугарските европратеници не се доволно активни, објаснувајќи дека вклучувањето на Бугарија во подготовката на извештајот започнало дури во мај, откако текстот бил готов.

„Позицијата на земја-членка не гарантира прифаќање на нашите ставови. Северна Македонија, како кандидат за членство, добива подобро третирање, додека Бугарија се гледа како страна која треба да прави отстапки“, заклучи Велчев.

 

 

 

Related posts

СЕ БАРА ОТЧЕТ КАКО ОНИШЧЕНКО ДОБИЛ МАКЕДОНСКИ ПАСОШ

ninja

БОРИС ЏОНСОН: ПУТИН ЛИЧНО МИ СЕ ЗАКАНИ

ninja

Владата на Мицкоски добива ново лице – кој е човекот што треба да го спаси здравството?

admin

ОН: КЛУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДЕНЕС СЕ ПОТЦЕНЕТИ, НЕДОВОЛНО ПЛАТЕНИ И ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

ninja

Една изборна единица повторно на маса, ВМРО-ДПМНЕ со услов

admin

Запознајте ја Мира Мурати, инженерката која сега го води OpenAI

admin