19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ алармира за Чаир: Зграда на место каде што требала да биде улица – урбана мафија или партиска шема?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) обвини дека мрежа на урбана мафија, поддржана од функционери на владејачките партии, стои зад изградбата на над 150 дивоградби во скопската општина Чаир, вклучително и зграда изградена на локација предвидена за улица, пренесува Инбокс7.

Партијата тврди дека Агенцијата за катастар на недвижности донела решение за поништување на претходно издадени решенија за легализација на објекти, за кои било утврдено дека се базираат на фалсификувана документација.

„Наместо да се спречат компромитирачките дејствија, мрежата на инволвирани се шири, а институциите молчат,“ се вели во соопштението.

Според информации доставени од пријавувачи (свиркачи), барањето за поништување на едно од спорните решенија било поднесено на 2 мај и архивирано на 25 мај 2025 година. Дополнително, општина Чаир издала документ со кој се потврдува дека на местото на изградба било предвидена улица, но документот наводно исчезнал од службените евиденции.

СДСМ го посочи директорот на Катастарот Иван Живковски како можен дел од „спрегата на урбаната мафија“, потсетувајќи дека тој претходно бил претседател на Советот на Општина Кисела Вода и партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата прашува каква корист има ВМРО-ДПМНЕ од спорните градби во Чаир и зошто, како што наведуваат, „се штитат кадри блиски до коалицискиот партнер ВЛЕН“.

„ВМРО-ДПМНЕ ветуваше де-ДУИзација, само за да ја замени со ВЛЕН-изација,“ се наведува во соопштението.

СДСМ поднесе барање за итно свикување седница на Советот на Град Скопје за да се отвори институционална дебата и да се испита дали слични случаи постојат и во други општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ.

„Советот има обврска да расправа за вакви случаи, а не советниците да дознаваат од медиумите,“ наведува СДСМ, повикувајќи ги сите советници да го поддржат нивното барање и „да ја стават одговорноста над партиските интереси“.

Related posts

Двајца полицајци од Велес примиле поткуп за да не изрекуваат глоба

admin

ВМРО-ДПМНЕ внимава какви кадри се предлагаат во преговорите

admin

Дали воведувањето санкции за НИС го означува крајот на балансирањето на Србија меѓу Истокот и Западот?

admin

Политички банкрот или реалност? СДСМ тврди дека Мицкоски ја признал вистината за ЕУ процесот

admin

„Air Albania” во финансиски колапс: Лиценцата одземена, патниците заглавени

admin

Научник тврди: Безбедно е да се испие само една чаша вино годишно

admin