33.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Силјановска Давкова: Бугарската резолуција е навредлива, очекувам ЕП да го поддржи македонскиот идентитет

Претседателката Гордана Силјановска Давкова оцени дека Резолуцијата за Македонија, усвоена од бугарскиот парламент, е навредлива и претставува пречка за дијалогот меѓу двете земји. Таа изрази надеж дека Европскиот парламент ќе ја поддржи Резолуцијата што ги гарантира македонскиот идентитет и јазик, предупредувајќи дека спротивен исход би укажал на слабости во демократскиот капацитет на европската институција.

„Ова е уште една во низата резолуции и меморандуми од бугарска страна кои се повикуваат едни на други. Ваквиот пристап е навредлив и го блокира дијалогот уште на почетокот. Суштината на Договорот за добрососедство е взаемна поддршка преку разбирање. Ова што го прави бугарскиот парламент не оди во таа насока,“ изјави Силјановска Давкова, одговарајќи на новинарски прашања.

Таа нагласи дека македонската страна во изминатиот период постојано ги објаснувала своите позиции пред меѓународни претставници, не само низ призма на македонскиот Устав, туку и преку референци на нивните национални правни документи.

„Без почитување на принципи и вредности, ЕУ не може да биде заедница на идеи. Таа ќе стане бирократска машинерија. А тоа не е Европа во која сакаме да членуваме,“ рече Силјановска Давкова.

Во однос на резолуцијата во Европскиот парламент што ги потврдува македонскиот идентитет и јазик, таа рече дека очекува поддршка.

„Шокантно е во 21 век да се предлагаат амандмани со кои се оспорува туѓ идентитет. ЕП како институција треба да биде чувар на вредностите наведени во Лисабонскиот договор и Повелбата за основни права. Ако тоа не го направи, ќе испрати сериозно негативна порака за сопствениот демократски капацитет,“ рече претседателката.

Во врска со можноста за средба со бугарскиот претседател на претстојниот Самит на НАТО во Хаг, Силјановска Давкова изјави дека засега нема потврда, но дека за овие прашања се разговара на сите нивоа, вклучително и во Брисел и други главни градови.

„Дури и во посета на Казахстан разговарав со претставници на многу држави за овие прашања,“ изјави таа.

Силјановска Давкова повтори апел за внатрешен политички консензус по прашања од национален интерес.

„Да не излегуваме надвор, без притоа да се договориме дома,“ додаде таа.

Related posts

Ескобар со ултиматум до Курти и Вучиќ: Имате уште два дена

admin

Пет олигарси креирале хибриден центар против ДУИ?

admin

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

admin

Таравари: Алијансата за Албанците донесува одлуки во интерес на граѓаните

admin

ОТВОРЕНА РЕЗЕРВА КОН „ОТВОРЕН БАЛКАН“

ninja

Како ќе се определи Алијанса – за промени или како досега?

admin