31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

Игнорирањето на провокациите на премиерот “елегантно” ја враќа Северна Македонија на Преговарачката рамка 

Пишува: Ивон Величковски

Последната Резолуција на бугарското Народно собрание ја пресретна предвидливата реторика на (Владата на) ВМРО-ДПМНЕ:

“…европскиот консензус е договор меѓу земјата-кандидат… и Унијата и затоа не претставува билатерално прашање… Неприфатливи се било какви обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ за повторно преговарање или игнорирање на елементи од веќе постигнатите договори…”

Оваа позиција за Северна Македонија потврди две ЕУ позиции кои се обврзни и за Софија:

– пораките на Коста и Кос од нивните посети на Скопје: “нема план Б” и

– нема нови барања од Бугарија.

Затоа – оваа позиција е лоша вест за (надворешната политика на Владата на) ВМРО-ДПМНЕ во “Белата палата” сосе крилото во “Бихаќка”: никој во ЕУ не прифаќа кавга со Скопје подредено на Бања Лука, Белград и Будимпешта.

И со тоа ЕУ го штити интересот на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија воопшто.

Доколку Брисел, Софија или некоја друга европска метропола сакаше кавга, обидот на Мицкоски да биде “кадровик” на бугарскиот “Комитет за малцинства” ќе повлечеше потсетување на Амандманот XXXVI точка 1 став 4 од нашиот Устав.

Игнорирањето на четврточната изјава на Мицкоски при пратеничките прашања најавува дека Брисел сепак насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП (и излезното решение за неговата реторика што му е дадено).

И со таквата позиција, Брисел става до знаење дека не му помага во таа штетна намера и не остава нас Македонците, но и целата нација да се соочиме со политиката на сопствената влада.

Особено штом кадровските промени во “Комитетот” за него стануваат услов за дополнувањето на Преамбулата, иако тоа е наша државна преземена обврска – со Преговарачката рамка.

Преговарачката рамка за која и Мицкоски и Силјановска-Давкова признаа дека веќе не бараат да се промени – затоа што тоа не е билатерална туку европска позиција.

Related posts

Систем за подршка на мали и средни претпријатија во Македонија

admin

Фокус на младинскиот развој во Македонија

admin

Рамка за проценка на организацискиот капацитет за промени

admin

Со штитот или на него

admin

За убиството на Косовскиот полицаец

admin

Фокус и дефокус – префрлање на вината

admin