9.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Фордо: Клучна точка во иранската нуклеарна програма

Израел ги интензивираше воздушните напади врз Иран, со целна насоченост кон клучните делови од иранската нуклеарна инфраструктура, меѓу кои и постројката Фордо – еден од најзаштиените објекти во нуклеарната програма на Техеран.

Извештаите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) наведуваат дека постројките во Натанс и Исфахан претрпеле сериозна материјална штета, додека комплексот Фордо засега останува недопрена поради неговата подземна локација и високо ниво на заштита.

Фордо се наоѓа јужно од Техеран, во близина на градот Ком, и е вграден длабоко во карпест масив – на длабочина од 60 до 90 метри, според западни разузнавачки проценки. Израел и понатаму го смета објектот за стратешка закана, поради неговиот капацитет за облагородување ураниум.

Во 2009 година, западните разузнавачки служби за првпат го обелоденија постоењето на комплексот. Три години подоцна, МААЕ соопшти дека Иран започнал со облагородување ураниум до 20 проценти во Фордо, со образложение дека е за медицински цели. Моментално, таму се инсталирани приближно 3.000 центрифуги.

МААЕ минатиот месец информираше дека Иран произведува ураниум со чистота од 60 проценти, а количината надминува 400 килограми – што е блиску до техничкиот праг за потенцијална изработка на нуклеарно оружје. Институтот за наука и меѓународна безбедност објави дека Иран би можел да произведе материјал за неколку боеви глави во рок од три недели.

Израелскиот амбасадор во Вашингтон, Јехиел Лајтер, изјави за Fox News дека „Фордо мора да биде елиминиран“ како дел од пошироката израелска операција.

Воени аналитичари оценуваат дека уништувањето на Фордо е технички предизвик, поради дебелите слоеви зацврстен бетон и неговата подземна поставеност. Иако Израел поседува оружје за уништување бункери, нападот би барал значителен број воздушни операции.

Единствената бомба на Западот што може директно да го уништи објектот е американската GBU-57, тешка речиси 14 тони. Таа не може да биде испорачана од израелски авиони и би барала американско учество со бомбардери како B-2 или B-52 – прашање што засега останува отворено.

Иранската влада ги негира обвинувањата дека развива нуклеарно оружје, но во изминатите години го ограничи пристапот на МААЕ до клучни локации и демонтираше опрема за следење.

Related posts

Амнестија и амнезија: Зошто нема нов објект во Идризово?

admin

Турција ги зајакнува воените врски на Балканот со нови рамковни договори, загриженост во Грција

admin

Повеќе пари за инфраструктура, но и поголем долг – што носи ребалансот?

admin

Врие во ВЛЕН, Меџити: Мнозинството е стабилно

admin

Врховизам и диктатура: Tешки зборови од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ

admin

Њујорк доби нов градоначалник: Зохран Мамдани положи заклетва по полноќ

admin