32.8 C
Скопје
9 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Министерот за економија најави ригорозни мерки против трговци со неосновано високи цени

Министерството за економија и труд ќе ја разгледа анализата на Државниот пазарен инспекторат за цените во јуни и врз основа на наодите ќе одлучи дали ќе воведе нови мерки против трговците кои неоправдано ги зголемуваат цените, изјави министерот Бесар Дурмиши.

„Ако извештајот покаже девијантно однесување, ќе следат ригорозни мерки. Таквите практики се неприфатливи, особено кога се прават на штета на граѓаните во време на празници или зголемена побарувачка,“ рече Дурмиши.

Министерството веќе анализира податоци од мај, кога е забележано очекувано зголемување на цените на основните прехранбени производи, но според Дурмиши, секое енормно поскапување ќе биде санкционирано.

Властите не ја исклучуваат можноста за повторно ограничување на трговските маржи или други пазарни интервенции, доколку продолжат злоупотребите. Министерството очекува финалниот извештај до средината на јули.

 

 

Related posts

Приведен поранешниот директор на Државни патишта во истрага за корупција

admin

Поради Газа: ЕУ го доведува во прашање договорот со Израел

admin

Бројни нерешени афери во здравството среде скандалот на онкологија

admin

ХАОС НАМЕСТО РЕД СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПЛАТИ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

ninja

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ПРЕДЛАГА УКИНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИОНИРАНАТА СТРУЈА ЗА ПРЕХРАНБЕНИТЕ КОМПАНИИ

ninja

Резолуцијата на САД ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin