19.8 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

Пишува: Марјан Николовски 

Продолжува експериментот “автокефална МПЦ” што го смисли Руската, а го спроведува Српската црква.

Откако сите цркви, освен иницијаторите, и Бугарската, се изјаснија дека автокефалност нема без Томос од Вселенската патријаршија (романската јасно стави до знаење дека за официјализирање на автокефалноста ќе чека и таков Томос) сега Белград и Москва смислиле друго сценарио за да билдаат наводно признавање на Томосот од СПЦ.

Таква одлука донела Американската православна црква, чија автокефалност освен Руската, не ја признава ниту една друга црква.

Е сега МПЦ ОА и АПЦ ќе сослужувале и ќе се самопризнаеле, откако такво нешто средиле СПЦ и РПЦ. АПЦ вели по предлог на СПЦ, во Вашингтон ќе одел Стефан да сослужува со Тихон.

Внимавајте! За да парадиксот биде уште поголем, автокефалноста на Американската црква не ја признава ниту СПЦ. Порфириј не го споменува Тихон на литургии, но Стефан ќе го споменува. Само за да му се брои дека една црква плус ја признала МПЦ за автокефална. Што е следно, СПЦ ќе среди признавање и од некои од оние ориенталните цркви? Поголемо понижување не може да биде смислено.

Ова значи дека СПЦ ја весе МПЦ ОА директно во судирот Москва-Фанар, односно, поточно, МПЦ ОА и официјално се престрои во рускиот црковен свет, каде што ниту СПЦ не припаѓа во ваква форма, иако тоа го поддржува.

Ова значи дека високиот клир на МПЦ ОА е веќе руска црковна исталација во државата и како таков во иднина треба да се третира. Колку порано државата тоа го осознае, толку помали ќе бидат последиците.

Признавањето на АПЦ за автокефална црква ќе и ги затвори сите врати на МПЦ ОА и на долг рок таа ќе остане повторно изолирана црква, која ризикува да го изгуби и канонскиот статус што сега и го признаваат сите помесни православни цркви, со тоа што дел цркви веројатно ќе почнат да избегнуваат сослужување.

Се ова по некоја година ќе заврши со став на СПЦ: ” Ете пробавме се, ви дадовме Томос, ви признавме автокефалност, но гледате православните цркви не ве сакаат, но ништо страшно, вие сте си автокефални во нашите граници… не ви треба ништо повеќе.”

 

(Превземено од Фејсбук профилот на авторот)

Related posts

Зошто Кина е толку лоша во фудбалот?

admin

Мега Бугарија

admin

Another BRICS in the World

admin

#NotATarget

admin

Рефлексија за финансиите и економијата во време на повеќекратни кризи: најтешкото е зад нас

admin

За изненадувањата и очекуваното

admin