26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Авионот во пламен, патниците праќале проштални пораки

Патнички авион „Боинг 757“ на германската авиокомпанија „Кондор“ беше принуден на итно слетување во Италија откако еден од моторите зафати оган непосредно по полетувањето од грчкиот остров Крф, соопштија во неделата авиокомпанијата и очевидци.

Инцидентот се случи во саботата вечерта, кога летот DE3665 кон Дизелдорф достигнал височина од околу 11.000 метри, пред да настане „нарушување на протокот на воздух во моторот“, изјави портпарол на компанијата.

Авионот слетал во Бриндизи, на југот на Италија, околу 40 минути по полетувањето.

Патници опишаа моменти на паника, велејќи дека за кратко време изгубиле електрична енергија во кабината и слушнале силни експлозии. „Испратив проштални пораки затоа што мислев дека е крај“, изјавил еден патник за германскиот весник „Билд“.

Видео снимки од очевидци на земја прикажуваат пламен и искри што излегуваат од моторот додека авионот се спуштал.

 

Авиокомпанијата „Кондор“ истакна дека моторот реално не бил во пламен, туку станувало збор за реакција на задниот дел од моторот која предизвикала визуелен ефект. „Безбедноста на патниците и екипажот во ниту еден момент не била загрозена“, се наведува во соопштението.

Поради ограничените капацитети за сместување во Бриндизи, не сите патници добиле хотелски соби. Компанијата обезбедила ваучери, ќебиња и делумна логистичка поддршка, а за оние кои самостојно најдоа сместување е најавен поврат на трошоците.

Новиот авион полета за Дизелдорф следниот ден, додека авионот што доживеа дефект сè уште е под техничка инспекција.

 

 

 

Related posts

Проект „филмски студија и технолошки парк“: Заев дал поддршка уште во 2019та, Амбасадата на САД ја следи можната инвестиција

admin

Приведени три крадци од Куманово

admin

Протест „Марш за ангелите“ во Кочани; семејствата на жртвите бараат правда и независна истрага

admin

Милошоски: Случај од 167 милиони евра е затворен политички

admin

Член на УО на ЕЦБ: Замрзнатите руски средства треба да се искористат за Украина

admin

Кои министерства и општини трошат струја прекумерно?

ninja