22.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Турбуленции во Сојузот на стопански комори на Македонија: разрешени двајца потпретседатели

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) разреши двајца потпретседатели, Горан Ѓорѓиевски и Ромео Костадиновски, кои истовремено се исклучени и од членството, објави денеска Сојузот.

Во официјалното соопштение, потпишано од претседателот Трајан Ангелоски, не се наведени конкретни причини за одлуката.

Ѓорѓиевски, кој е претседател на Агро-бизнис комората, изјави за медиумите дека соопштението е потпишано од нелегитимен претседател и дека на вонредно собрание на Сојузот му биле одземени сите ингеренции на Ангелоски.

Превирањата во Сојузот следуваат по изречената казна од Комисијата за заштита на конкуренцијата за картелско здружување, која предизвика јавни реакции и поделби во раководството.

На 9 јули се одржа вонредно собрание на ССК по барање на 10 членови на Управниот одбор. На собранието, кое го водеше извршната директорка Сузана Јаневска, беа констатирани „груби прекршувања на Статутот“, злоупотреба на овластувања и штетни објави на социјалните мрежи од страна на претседателот Ангелоски и неговото опкружување.

Беше одземена претседателската функција на Ангелоски, но тој и натаму важи за легитимен претставник од својот дел од Управниот одбор, кој ги исклучува членовите што учествувале на вонредното собрание, кое тој го смета за нелегитимно.

Сојузот брои седум потпретседатели, 35 стопански комори и повеќе од 30 здруженија и асоцијации.

До сега нема информации дали е одржано ново вонредно собрание за избор на легитимен претседател, кое беше закажано за 30 јули.

ССК ја потенцира својата посветеност кон транспарентно и одговорно работење во интерес на стопанството и економскиот развој.

Related posts

АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

ninja

Ограничувањето на извозот на редки земјени минерали од Кина е удар за САД

admin

ДУИ открива, СДСМ прашува: Дали вицепремиерот Меџити барал мито?

admin

Страшна сообраќајна несреќа: Седум лица повредени

admin

Сијарто ги отфрли обвинувањата за пренос на доверливи ЕУ-информации до Русија

admin

Масовните протести во Бугарија откриваат подлабока политичка нестабилност пред влезот во еврозоната

admin