27.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

УРБАНИ ПРИКАЗНИ: ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ КОЈ ГО ПОТТИКНУВА КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ

Во овој контекст, развојот, покрај тоа што треба да биде одржлив и иновативен, треба да ја зачува културната суштина на земјата и врз оваа основа да поттикнува прогрес. Обетувањата за брзи трансформации кои го изопачуваат градот ризикуваат да ја оштетат неговата идентичност и врската на луѓето со просторот во кој живеат.

Автор: Лорик Идризи

За време на студиска посета на ALDA – Association for Local Democracy, најпознатата организација во Европа за политики на локална самоуправа, во нивните канцеларии се сретнавме со Ана, одговорна за создавање синергии помеѓу различни градови и општини. Многу интересен пример што таа го сподели беше град во Тунис кој сакал да го следи моделот на општината Стразбург. Благодарение на интеракциите и врските што ALDA ги изградилe низ годините, овој град имал можност да добие експертиза и директна соработка со општината Стразбург.

Сепак, од друга страна, за време на анкети и консултации, граѓаните на тој град во Тунис не покажале никакво интересирање за таква трансформација. Овој контраст јасно покажува дека локалниот развој не може едноставно да се увезува како модел, туку мора да се гради врз основа на културниот, социјалниот и историскиот контекст на градот.

Слични примери гледаме и на Балканот, каде што често пред избори се презентираат визии од типот „ИА“, одделени од реалноста и културната автентичност на нашите градови. Затоа, секоја визија за развој треба да биде природна, вкоренета во културата и потребите на граѓаните, додека иновативните елементи секако треба да се инкорпорираат, но секогаш во согласност со локалниот идентитет, за да не останат вештачки и надвор од контекст.

Секое создавање надвор од овој контекст ризикува да произведе „фантомски“ градови и населби – градови од хартија, без душа и без приказна. Населба која не се гради врз културниот и социјалниот идентитет, туку само од прагматични причини, не може да создаде трајна врска со своите граѓани. Такви примери имаме видено во Соединетите Американски Држави, каде што се изградиле вештачки градови, и исто така во поранешните социјалистички земји, каде што покрај фабрика или индустриска зграда се родил нов град, но често без суштина и без вистинска историја.

Во овој контекст, развојот, покрај тоа што треба да биде одржлив и иновативен, треба да ја зачува културната суштина на земјата и врз оваа основа да поттикнува прогрес. Обетувањата за брзи трансформации кои го изопачуваат градот ризикуваат да ја оштетат неговата идентичност и врската на луѓето со просторот во кој живеат.

 

Related posts

Eден дух што недостасува

admin

Европска бајка

admin

Секој има право на свое мислење, но не и на свои факти

admin

Американски Брегзит

admin

Покријте ги и зелените стрелки на семафорите

admin

Зошто Кина е толку лоша во фудбалот?

admin