26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Советот за безбедност без консултации за пожарите, Мицкоски најавува построги казни

Дел од членовите на Националниот совет за безбедност изјавија дека не биле консултирани за евентуално свикување седница по серијата пожари во Скопје и околината.

Џевдет Хајредини, член на советот, за ТВ24 изјави дека до денеска не бил контактиран од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која има надлежност да одлучи за свикување на седница. Од кабинетот на претседателката вчера соопштија дека состојбата се следи и дека доколку има потреба, ќе се постапи во координација со членовите на телото.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски рече дека пожарите кај Трубарево, Вардариште и Дрисла се под контрола. Тој најави законски измени со кои подметнувањето пожар ќе се квалификува како тероризам, а за создавање диви депонии ќе следат затворски казни подолги од пет години.

Опозициската СДСМ го критикуваше премиерот за, како што наведе, несинхронизирани и контрадикторни изјави во однос на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Обвинителството веќе отвори предмет за пожарот во Трубарево и четири лица се под истрага. Вкупно околу дваесетина лица се осомничени низ државата за подметнување на пожари.

 

 

 

Related posts

Задоцнети плати предизвикаа протести на вработените во „Македонска пошта“

admin

Данска е најскапа, Бугарија најевтина: Големи разлики во цените низ ЕУ

admin

Сиљановска-Давкова побара „креативно решение“ од фон дер Лајен

admin

Борел: Курти, за жал, го отфрли компромисот

admin

Изет Меџити со остри критики кон раководството на ДУИ: 2-3 луѓе решаваат за се

admin

Мицкоски: Дел од европратениците нема да поддржат бришење на македонскиот јазик од извештајот на ЕП

admin