21 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Жителите на Скопје и Куманово се жалат на планини отпад, општините и градската власт разменуваат обвинувања

Жителите на Скопје и Куманово се жалат дека ѓубрето не се собира редовно и дека непријатниот мирис ги тера да ги држат прозорците затворени, додека градските и општинските власти меѓусебно се обвинуваат за колапсот во управувањето со отпадот.

„Секоја вечер е исто. Контејнерите се празнат нередовно, а ние живееме во оваа срамна глетка,“ велат жители за локалните медиуми.

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, изминатата ноќ лично учествувал со општинските хигиеничари во расчистување на натрупаното ѓубре, обвинувајќи го Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и Градот Скопје дека не си ја извршуваат работата. „И по мојот апел, повторно ќе слушнеме демант дека навремено го собираат сметот,“ рече тој во видеообраќање.

Во Куманово, реката Кумановка е претворена во дивa депонија, предупредуваат локалните еколошки организации.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, оцени дека неговата општина е „саботирана“ преку намерно несобирање на отпадот и го повика премиерот Христијан Мицкоски да реагира. „Карпошани не заслужуваат да им смрди отпад под носот,“ изјави тој.

Собирањето на отпадот во главниот град е хроничен проблем кој повторно излезе во преден план во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври.

Related posts

„Вреди“ со пратеник повеќе, „Европски фронт“ – еден помалку

admin

Европа бара дијалог со Русија, Канада во стратешко парнерство со Кина

admin

Сојузниците на САД бараат јасна поддршка за Украина на безбедносната конференција во Минхен

admin

По обуката со Ф-35 пилотите изгледаат како да имаат 100 години

admin

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите

admin

Судскиот совет: Предмет застарел во Апелација Скопје по 16 одложени расправи

admin