23.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
СТАВ

ПРЕДИЗБОРНО: Максило-фацијална експресија

Пишува: Марта Маркоска

Гледајте ги луѓето во склопот на вилицата и мускулатурата околу неа. При тоа исклучиво мислам на скелетна конституција, не на вилица како помагало. Виличниот коскен состав и мускулно-фацијалната експресија кажуваат многу нешта за нивниот карактер. Не мора уста да отвори и ниту еден збор да изговори човекот, пред вас веќе стои голем процент од неговиот карактер. Таа скелетно-мускулна, фацијална експресија кажува дали е човекот: зол, пакосен, серт, одмаздољубив, арогантен, препотентен, циничен, или пак, сосема спротивно: добричина, попустлив, благ и мекан карактер.
Овој скелетно-мускулен состав дури може да ви каже каков одговор ќе добиете на поставено прашање, но за да се уверите дека е така, треба да пробате. Иако вилично-скелетно-мускулната конституција може да биде постојано насмеана – тоа не треба да ве залажува. Има многу насмеани вилици што се стиснати во мускулите, како насила насмеани, грчевито насмеани, значи усилено или научено насмеани, или пак, смрзнато насмеани.
Творецот нѐ исцртал целите, од главата до петиците.
Не можам да ви го пренесам знаењето, овие знаења не се учат од книги. Само запамтете, за да си олесните: телото на човекот го зазема обликот на неговата душа. Телото и лицето се менуваат, нормално, низ годините, низ разни трауматски повреди, исто така, но главните црти остануваат како одлика на голем процент од карактерот на личноста што ја отсликува нејзината душа. Па уште кога на тоа ќе се додадат другите елементи: експресијата со очите, целата гестикулација со рацете и нозете и стекнатите, т.е. научените манири, па дури и бојата на гласот и фреквенцијата со која зборува – имате 85% оцртување на личноста што е пред вас. Зошто?! Затоа што обликот на телото на човекот кажува сѐ за состојбата во која се наоѓа неговата душа, на страна од неговото однесување кое може да е мигновно и секако е предизвикано од безброј моментални (и најчесто надворешни) фактори.
Во годините на Ковид пандемијата беше оневозможено да им ја видите максило-фацијалната експресија на луѓето заради носењето маски. Брковите и брадите, исто така, влијаат на отежната перцепција кон нивната експресија.
Прашајте цртачи и сликари кои знаат да портретираат – тие најубаво ќе ви кажат дали сум во право или не.

Текстот, со мали измени, е пишуван во 2022, но секогаш ќе е актуелен.

Related posts

Гордост

admin

Солидарност е прераспределба на дополнителната добивка за подршка на граѓаните и стопанството

admin

Важноста на очекувањата и довербата кај младите при креирање на младинските политики

admin

Белград најавува нова војна на Балканот

admin

Кошта беше јасен: Нема “план Б” и “креативни решенија”

admin

Индекс на политички интегритет: Случај – Именувања во управни и надзорни одбори

admin