0.8 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Државниот обвинител Коцевски предупредува дека недостигаат средства за вештачења и истраги

 

Главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во четвртокот ги предупреди пратениците дека обвинителствата ќе останат без средства за вештачења и финансиски истраги доколку предложениот буџет за 2026 година не се зголеми.

Коцевски се обрати на почетокот на собраниската расправа за буџетот, наведувајќи дека обвинителството не бара повисоки плати, туку минимални услови за работа. Тој рече дека финансиите за вештачења биле намалени, иако трошоците за сложени постапки растат.

„Едно вештачење на мостра од мазут чини 1.500 евра, а треба да се анализираат повеќе од 300 примероци,“ изјави Коцевски, истакнувајќи дека тековните средства не се доволни за спроведување на истрагите.

Според него, обвинителствата во изминатата година работеле со буџет преполовен во однос на законски утврдениот минимум, што довело до сериозни ограничувања во справувањето со криминалот и недоволна кадровска покриеност.

Коцевски оцени дека состојбата е „алармантна“ и побара итно обезбедување на дополнителни средства за технички вештачења, финансиски анализи и ангажман на потребен стручeн кадар.

Обвинителството, рече тој, ќе продолжи да ги извршува своите надлежности, но предупреди дека без поголема поддршка од државата дел од предметите може да се одложат поради недостиг на ресурси.

Related posts

Пропустите во дигитализацијата на матичните книги фрлија сенка врз заштитата на податоците на граѓаните

admin

“Булмак” негира одговорност за загадувањето на Крива Река, и покрај наодите за високи нивоа на цијанид

admin

Западен Балкан ја започна конференцијата CyberPulse 2025 во Подгорица во услови на зголемени сајбер закани

admin

Приказна за сиромаштијата во Скопје го освои Токио: Големо признание за Манчевски, Климоска и Трајковиќ

admin

Хоџа демантира: Не ги нареков “идиоти” – Албанците во Македонија се државотворен народ

admin

ЕК загрижена од измените на Кривичниот законик

admin