28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ЕУ со забелешки за судството, министерот Филков најавува системски реформи и нов Кривичен законик

 

Министерот за правда Игор Филков во четвртокот најави системски реформи во судството и финализирање на нов Кривичен законик, по сериозните забелешки на Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Северна Македонија.

Филков изјави дека законикот е во завршна фаза и дека се врши усогласување со четири нови европски директиви, вклучувајќи ги оние за заштита на животната средина, противполнетични криминални дела и дигиталната сфера. Предлогот ќе биде доставен во владина процедура по финалните консултации.

Во врска со оценките на ЕК дека судството се соочува со недостиг на кадар, недоволна финансиска независност и бавни постапки, Филков призна дека станува збор за „реални проблеми“ и најави мобилизација на институциите за подобрување на ефикасноста.

„Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати,“ рече тој, додавајќи дека извештаите на ЕК треба да се сфатат како поттик за забрзување на реформските процеси, а не како политички притисок.

Министерството за правда планира серија мерки за подобрување на управувањето со ресурси, дигитализација на постапките и јакнење на професионалните стандарди. Филков оцени дека дел од препораките на Европската комисија се повторуваат повеќе од една деценија, но нагласи дека „важно е што реформите се започнати“.

Европската комисија во извештајот повтори дека независноста, ефикасноста и интегритетот на македонското судство остануваат клучни услови за напредок во ЕУ-интеграциите.

Related posts

Фон дер Лајен завршува 100 дена: Што вети а што оствари?

admin

БИХ: КАНДИДАТСКИ СТАТУС ВО ЕУ КАКО НАГРАДА ЗА НЕРАБОТЕЊЕ

ninja

Рама: Проектот за Сазан е изменет, островот нема да биде затворен за јавноста

admin

Закон за личен стечај: Реална потреба или во моментов, непопуларна мерка

admin

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

ninja

Ахмети и Меџити во борба за секој глас

admin