14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рим, викенд и политика: ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа Филипче за приоритетите

ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека води „лажна проевропска агенда“ и дека нема јасен план ниту стратегија за државата.

Од партијата велат дека Филипче, со неговото патување во Рим за време на продолжениот викенд за 1 Мај, покажал дека личните интереси му се поважни од обврските кон граѓаните.

Во соопштението се наведува и дека тој избегнал да се соочи со пратенички прашања во Собранието, што, според ВМРО-ДПМНЕ, дополнително ја потврдува неговата политичка слабост.

„Филипче тоне во сервилност и е подготвен да прави отстапки на штета на националните интереси само за да дојде на власт“, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ само декларативно се залага за европски вредности, додека во пракса, според нив, дејствува спротивно на тие принципи.

 

Related posts

Од токсикологија до дигитални платформи: Почнува најголемиот инвестициски циклус во здравството

admin

Мицкоски и Мицотакис на исто место во исто време

admin

Касами бара уште еден мандат за да ја продолжи “трансформацијата на Тетово”

admin

„Ало, Обвинителство?“: СДСМ бара одговорност за загадената вода во Гостивар

admin

Следната недела ќе има нови цени на горивата

admin

Подземен тунел до „8 Септември“: Планот за најголемиот здравствен проект во Скопје

admin