22.5 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Компании од Бања Лука во фокусот: Кој стои зад одлуките?

Демократската унија за интеграција обвини дека Бурим Латифи четири дена не се огласува во јавноста за случајот поврзан со, како што тврдат, штета од околу 6 милиони евра во МЕПСО.

Од партијата наведуваат дека во центарот на случајот се компании кои се дел од меѓународен конзорциум за изградба на далекуводот Битола–Елбасан, меѓу кои и фирма од Бања Лука, за која, според нив, постојат сомнежи за поврзаност со политички структури од Република Српска.

ДУИ поставува прашања дали е потпишан договор со таа компанија и зошто, како што велат, се брани фирма за која има јавни сомнежи. Дополнително, тие бараат објаснување за причините кои довеле до финансиска штета.

„Молкот по четири дена не е повеќе само отсуство на реакција, туку избегнување одговорност“, велат од ДУИ, додавајќи дека станува збор за јавни средства и дека секоја одлука мора да биде транспарентна.

Партијата оценува дека наместо конкретни одговори, јавноста се соочува со обиди за пренасочување на вниманието од случајот, додека, како што тврдат, никој од одговорните не дава отчет.

ДУИ повика Јавното обвинителство да го истражи случајот, нагласувајќи дека граѓаните имаат право да знаат кој донел одлуки, кој имал корист и кој ќе сноси одговорност за евентуалната штета.

Related posts

Сијарто ги отфрли обвинувањата за пренос на доверливи ЕУ-информации до Русија

admin

Нови обвинувања меѓу ДУИ и ВЛЕН за МЕПСО и милионски штети

admin

Бројот на бегалци од Украина достигна 368.000, објавија ОН

ninja

Сиљановска Давкова го разреши Муслиу, тој ја обвини дека попуштила пред политичките притисоци

admin

БОРЕЛ – РУСИЈА ЈА ЗАГРОЗИ НУКЛЕАРНАТА БЕЗБЕДНОСТ

ninja

Долги колони на границата со Грција: Чекање и до два часа поради новите проверки

admin