34.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ алармира: 700 милиони евра долг за три месеци – државата оди кон бездна?

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја задолжува државата со „невидено темпо“, наведувајќи дека во првите три месеци од годинава се создадени нови 700 милиони евра долг.

Од опозициската партија тврдат дека во изминатите две години јавниот долг е зголемен за околу 2,3 милијарди евра, достигнувајќи ниво од 10,7 милијарди евра, што според нив претставува историски максимум.

„Станува збор за нето задолжување, односно нов долг создаден од актуелната власт“, велат од СДСМ.

Партијата додава дека, паралелно со зголеменото задолжување, не се реализираат политики за подобрување на животниот стандард, посочувајќи дека нема зголемување на платите, ниту мерки за справување со растот на цените.

Дополнително, СДСМ наведува дека буџетскиот дефицит за првиот квартал изнесува 408 милиони евра, а реализацијата на приходите е околу 20 проценти, што, според нив, укажува на слабости во управувањето со јавните финансии.

Од партијата оценуваат дека економските политики на Владата се неодржливи и предупредуваат дека ваквиот тренд може да доведе до дополнителни финансиски ризици.

Related posts

„Албанија не е на продажба“: Проектот на Кушнер ја запали најголемата граѓанска побуна против Рама

admin

Правдата за Фросина: Граѓаните гневни, системот под оган

admin

Загриженост во Берлин: Германската економија падна во рецесија

admin

Фон дер Лајен: Сакаме што поскоро да ги отвориме преговорите со Скопје и Тирана

admin

ЗА ШТО СЛУЖАТ ЗАКОНИТЕ?

ninja

Муцунски: НАТО никогаш не бил посилен отколку под водство на Трамп

admin