30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

Коалицијата „Твоја Македонија“ е составена од 24 политички субјекти и организации. Мицкоски повика на масовна излезност на изборите, јави Дојче Веле. 

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите денеска потпишаа Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на коалицијата „Твоја Македонија”.

„Застануваме зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија“, порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој повика на масовна излезност на изборите. 

„Твоја Македонија“ е најбројната досега коалицијасоставена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија, вели Мицкоски.

Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, ќе се води од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување.

Развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија”.

„Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик, бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт“, порачаа од коалицијата.

Related posts

Ралев: Дивоградбите во Чаир – резултат на незаинтересираност и неможност да се спроведат законите

admin

Нов штрајк во Луфтханза

admin

Ќе се чешла помошта од 100 милиони евра за стопанството

admin

Јаневска: Учебници ќе има за секое дете следната учебна година

admin

Дуално стручното образование го зголемува вработувањето на младите

admin

Хамнеи: Нападите на САД не беа за нуклеарно оружје, туку за иранска капитулација

admin