31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Костадинов се враќа во СДСМ, битката за техничката влада се заострува

Поранешниот градоначалник на Струмица и екс-пратеник од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Костадин Костадинов, соопшти дека го „одмрзнува“ своето членство во партијата, по подолг период на неактивност.

Костадинов на Фејсбук напиша дека одлуката ја донел по „доволно поминато време“, нагласувајќи дека останува зад сите свои претходни ставови и позиции и оти засега не најавува активен политички ангажман.

„Овој чекор не значи менување или повлекување на моите ставови. Стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно“, напиша Костадинов, повикувајќи на единство и искрен дијалог во рамки на СДСМ.

Во меѓувреме, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека укинувањето на техничката влада е можно само кога општеството ќе биде подготвено според европските стандарди, посебно во делот на правосудните реформи.

„Слободната волја на граѓаните и фер изборите не се прашање на политички пазар. Неопходни се целосно имплементирани реформи, согласно препораките на Европската унија“, рече Филипче на прес-конференција.

Тој потсети дека техничката влада била воведена поради сериозни аномалии во функционирањето на институциите во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, додавајќи дека условите за нејзино укинување сè уште не се исполнети.

Филипче изјави дека СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат и оцени дека се веројатни предвремени парламентарни избори.

Од друга страна, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба со дел од парламентарните партии изјави дека постои принципиелна согласност техничката влада да „замине во минатото“.

„Може да има техничка влада и на следните избори, ако така сака СДСМ, но потоа тоа прашање треба да се затвори“, рече Мицкоски.

На лидерската средба, одржана во Клубот на пратеници, присуствуваа лидерите и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН, Левица и ДУИ, додека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не присуствуваше на средбата.

Related posts

ДУИ отвора сомнежи за тендери во Чаир: Над 3,4 милиони евра за новоформирана компанија

admin

Конкуренција и инклузивност: Што предвидува Кластер 3 од преговарачкиот процес?

admin

Епидемија на недоверба: Граѓаните разочарани од институциите, покажа новото истражување на ИКС

admin

Кос против идејата на Вучиќ и Рама: Нема „лесно“ членство во ЕУ, или си полноправен член или не си

admin

Македонија ќе започне со враќање на пациентите повредени во пожарот во Кочани

admin

Ормутскиот теснец под закана: Иран предупредува на одмазда по американските напади

admin