11.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари жестоко удри по Села: ‘Голем фајтер, но секогаш губи’

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, го обвини лидерот на другото крило на АА, Зијадин Села, дека секогаш и во секоја варијанта губи. „Села е како Невзат Бејта – е голем фајтер, но секогаш ги губи битките“, рече Таравари Таравари во телевизиското интервју „Клик Плус“, додавајќи дека Села чека зад вратите за да биде дел од власта.

Тој изјави дека во коалицијата ВЛЕН постојат слични тензии какви што, според него, претходно ги доживеала и неговата партија.

„Она што ни се случи нам, на Алијансата за Албанците во рамки на ВЛЕН, сега му се случува и на Билал Касами“, рече , пренесе ТВ21, оценувајќи дека е можно Движењето Беса да се повлече од коалицијата.

Таравари наведе дека бил обвинуван оти е пречка за обединување на ВЛЕН, потсетувајќи дека уште на крајот на мај минатата година било најавено дека коалицијата ќе се трансформира во единствена политичка партија, што, како што рече, досега не се реализирало.

„Каде е обединувањето на ВЛЕН? Поминаа осум или девет месеци. Каде е?“, изјави Таравари.

Во реакција на неговите изјави, од Алијансата за Албанците, предводена од Зијадин Села, соопштија дека Таравари изнесува обвинувања кои, според нив, не кореспондираат со неговите политички потези.

Во соопштението, партијата наведува дека барањата за нови средби со премиерот и учеството во владини преговори се доказ за континуирана вклученост во извршната власт, додавајќи дека јавноста веќе има формирано јасна слика за политичките позиции и дејствувања на Таравари.

Од АА на Села оценуваат дека ваквите јавни настапи дополнително придонесуваат за продлабочување на поделбите во албанскиот политички блок.

Related posts

Репортажа на Си-Ен-Ен: Скриената магија на Северна Македонија

admin

Бугарски активисти обвинуваат дека Скопје ги заобиколува правилата на ЕУ и ги игнорира Бугарите

admin

Мерц и Шолц: Пакт против миграцијата во Германија?

admin

Трамп за потенцијалниот самит со Путин: „Не сакам да имам залуден состанок“ 

admin

РСЕ: Чаирската романтика растегната меѓу криминал и политика

admin

САД и Иран најавуваат тотална војна, мировните преговори неизвесни

admin