10.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Албанската опозиција со жена кандидат за претседател

Движењето БЕСА на Билал Касами, Алтернатива на Африм Гаши и Демократско движење на Изет Меџити ќе учествуваат со заеднички кандидат на наредните избори за претседател на државата, кои ќе треба да се одржат до мај 2024 година, пренесува Инбокс7.

Порталот кдп.мк, повикувајќи се на високи извори од Демократското движење (ДД), пишува дека во структурите на опозициските партии се разговара за заедничко име на кандидатот, кој најверојатно ќе биде жена.

„Едно е сигурно, здружената албанска опозиција ќе има заеднички кандидат на претстојните претседателски избори. Ние анализираме и дебатираме во нашите политички субјекти, но и како коалиција се уште немаме конкретни имиња, но не ја исклучуваме можноста потенцијалниот кандидат да е од женски пол. Здружената албанска опозиција е отворена не само за другите политички субјекти, туку и за граѓанскиот сектор, независните, интелектуалците, експертите од различни области“, велат од ДД.

Аналитичарите велат дека шансите еден етнички Албанец да победи на претседателските избори се минимални, но нагласуваат дека вреди да се учествува на самата трка.

Универзитетскиот професор по правни прашања, Башким Селмани, го нарече „идеален предлог“ заедничкиот кандидат за претседател од здружениот опозициски фронт.

„Предлогот на албанските политички субјекти со заеднички кандидат би бил идеален и многу добредојден од гласовите и албанскиот електорат. Онаму каде што македонските партии ќе најдат гласови, треба и албанските политички партии. И моментот е таков услов да биде приоритет на политичките партии со нивните коалиции во македонскиот табор“, рече Селмани.

Универзитетската професорка по политички науки, Дитурије Исмаили, ја поддржува идејата шеф на државата на крајот да биде жена.

„Правната можност постои, додека политичката ќе зависи од калкулациите меѓу партиите и меѓусебната поддршка за парламентарните избори. Поддршката сигурно ќе постоеше и крајно време е барем жена да се кандидира“, рече професорот Исмаили.

Инаку, претседателот на ЛД Изет Меџити предупреди дека се договориле со опозициските партии да излезат заедно со име за претседател и со заеднички листи за пратеници, што се однесува до парламентарните избори.

Related posts

МЛАДИТЕ БАРААТ РАБОТА И ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ДА НЕ ЗАМИНАТ

ninja

“Ако политички се дестабилизира ќе се одрази…”: Османи ги коментира изборите во Турција

admin

Уривање на мостот во Балтимор: Нуркачи пронајдоа две тела во потопен камион

admin

Колку криминалци барани со потерница се шетаат низ земјата?

admin

Претседателка на синагогата во Детроит пронајдена смртно избодена

admin

2024 – Тешка економска година

admin