11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Се формира нова партија од бивши функционери на СДСМ

Бивши функционери на СДСМ се очекува да промовираат нов политички проект, кој се стреми да стане нова опција во левиот идеолошки блок.

Како што известуваше телевизија 24, група поранешни и актуелни функционери, заедно со јавни личности и експерти, подготвуваат платформа неформално наречена „македонски ДОС“, која во иднина би можела да прерасне во политички субјект.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека новоформираната платформа не претставува закана за партијата, оценувајќи дека станува збор за иницијатива насочена кон нејзино слабеење.

„Платформата создадена од ВМРО-ДПМНЕ нема да помине во СДСМ“, рече Филипче, без да наведе докази, додавајќи дека партијата останува отворена за различни мислења и внатрешни дебати.

Тој одби да шпекулира за имињата поврзани со иницијативата, иако рече дека во партијата „добро знаат“ за кои луѓе станува збор.

Во однос на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој е во процес на исклучување од СДСМ, Филипче повтори дека тој дејствува на штета на партијата и, како што рече, под влијание на ВМРО-ДПМНЕ. Од иницијативата, пак, јавно се оградија од Шилегов, нагласувајќи дека тој не е дел од нивната платформа.

Иницијаторите, кои засега настапуваат анонимно, за ТВ24 изјавија дека нивната цел не е преземање на СДСМ ниту делување во корист на ВМРО-ДПМНЕ, туку создавање концепт што ќе понуди, како што велат, „пораз на политикантството“ во земјата.

Според нив, во иницијативата се вклучени поранешни функционери на СДСМ, поранешни и актуелни избрани претставници, како и професори, аналитичари и претставници на граѓанскиот сектор. Тие велат дека платформата нема да има класична партиска структура, ниту лидер, туку ќе се потпира на поддршка од јавноста.

„Граѓаните се уморни од внатрешни партиски дебати и од политички елити кои не испорачуваат резултати“, наведуваат иницијаторите, додавајќи дека не планираат да се вклучат во внатрешни реформи на СДСМ.

Тие ги отфрлија обвинувањата дека работат во корист на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека ваква иницијатива не би била потребна доколку постоела поефикасна опозициска координација.

Промоцијата на платформата се очекува во наредниот период, а иницијаторите најавуваат дека ќе биде отворена и за соработка со политички партии и поединци кои ќе го поддржат концептот.

 

Related posts

„Советник за култура“ со економски факултет: Левица го оспори огласот на Министерството

admin

Сиљановска: Договорот со Бугарија не предвидува промена на Уставот

admin

Меџити за АЛФА: Четворица пратеници на „Европскиот фронт“ може да преминат во ВРЕДИ

admin

Ахмети бара двојни избори, ВЛЕН гледа сценарио

admin

Груби излегува од куќен притвор, но судот не му го дава пасошот – одбиена гаранција од 335.707 евра

admin

Македонската влада воведува специјални регистарски таблици за службени возила со цел спречување на злоупотреби

admin