28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Гаши: Мнозинството е стабилно, се работи со полн капацитет

Вицепремиерот Изет Меџити најавува дека предлозите за нови министри деновиве ќе бидат доставени до Владата. Информатичарот Азир Алиу е предлог за министер за здравство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши смета дека мнозинството останува стабилно и оти Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет.

„Мнозинството е стабилно. Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство, се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од ’Влен’. Мислам дека Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет“, изјави Гаши одговорајќи на новинарско прашање во Скопје.

Изјавата следи по турбуленциите во коалицијата „Вреди“, којашто неодамна ја напушти министерот за здравство, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците. Таравари на 12 мај соопшти дека партијата оди во опозиција, но сопартијците на Таравари – Арбен Фетаи и Азир Алиу, останаа дел од Коалицијата „Вреди“. Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење, додека Азир Алиу е новиот предлог на „Вреди“ за нов министер за здравство.

Ваквиот предлог предизвика реакции во јавноста, со оглед на тоа дека Азир Алиу е доктор на информатички науки. Тој беше министер за информатичко општество и администрација во претходната Влада на СДСМ и ДУИ.

Во однос на тоа кога ќе се избере новиот министер за здравство, Гаши вели дека најпрвин премиерот треба да го предложи новиот министер, предлогот да биде ставен на дневен ред и потоа ќе биде доставен до сите пратеници во македонското Собрание.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, смета дека Азир Алиу е најдобар предлог за министер за здравство. „Министерот треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој може да придонесе за подобрување на ресорот. Алиу мислам дека е најдобар предлог за таа позиција“, нагласи Меџити.

Според Меџити, коалицијата Вреди се засилува со 10 членови од Алијанса за Албанците на чело со Арбен Фетаи.

Тој  најавува дека се работи на предлозите за министри, кои деновиве ќе бидат доставени до Владата. Се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции.

Во меѓувреме Мухамед Аљи од „Вреди“ е назначен за нов директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), откако досегашниот директор на оваа институција, Стојанче Ангелов доби раководна функција во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). /DW

Related posts

Бугарија чека влада, македонската влада – соговорник

admin

Кошта ја пресече дилемата? Филипче тврди дека останал само еден услов за ЕУ

admin

Најмалку 27 Палестинци убиени додека чекале хуманитарна помош во Рафах – јавуваат здравствени власти во Газа

admin

Американски аналитичари: Европа би профитирала ако САД се повлечат од НАТО

admin

Вториот круг како трето полувреме за Ахмети

admin

Доаѓа ли војната на територијата на Русија?

admin