29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кошта: Северна Македонија заслужува гаранции дека нема нови услови за ЕУ по уставните измени

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во петокот изјави дека Северна Македонија заслужува гаранции оти нема да се соочи со нови услови на патот кон Европската унија откако ќе ги исполни сегашните обврски.

„Многу е важно да се изгради доверба и да ѝ се даде гаранција на Северна Македонија дека она што го бараме сега е сè што бараме, а не дека чекаме потоа да побараме повеќе. Тоа е разумно“, рече Кошта на прес-конференција со бугарскиот премиер Росен Желјазков во Софија.

Тој нагласи дека токму заради потребата од доверба ги поканил владите во Скопје и Софија да започнат соработка на конкретни проекти, меѓу кои и подобрување на транспортните коридори.

„Ова би бил прв важен чекор за да се почне да се работи заедно“, додаде тој.

Кошта истакна дека земјата мора да ги исполни постојните обврски – пред сè уставните измени – за да ги отпочне преговорите со ЕУ. „Она што е договорено, е договорено. Тие треба да испорачаат“, рече тој.

Притоа потсети дека ја разбира фрустрацијата во Скопје, кое веќе го сменило знамето, името и еднаш го менувало Уставот. „Природно е да очекуваат конкретизација на процесот“, рече Кошта.

Related posts

Приведен поранешниот директор на Државни патишта во истрага за корупција

admin

Владиниот врв на средби со претставници на ЕУ, НАТО заседава за ситуцијата во Украина

admin

Западните санкции врз руската нафта го намалуваат приходот на Москва, но не ја менуваат стратегијата кон Украина

admin

СДСМ му предаде документи на Мицкоски за наводни незаконски постапки на Меџити

admin

Жесток судир меѓу власт и опозиција во Собранието: Мицкоски со бројки и критики, СДСМ со историски обвинувања

admin

Капетановиќ и Шекеринска на форум во Дубровник: Фокус на безбедноста и интеграцијата на Балканот

admin