15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Реџепи ја поништи седницата за АНБ, го обвини Гаши за прекршување на Деловникот

Седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ), закажана за петок, е поништена, а не одложена, изјави претседателот на комисијата, Скендер Реџепи од колаицијата „АКИ“.

Тој обвини дека претседателот на Собранието, Африм Гаши, се обидел да свика седница без да достави претходно барање, што е спротивно на Деловникот. „Денеска за малку ќе бевме сведоци на нов скандал, бидејќи претседателот на парламентот сакал да свика седница без законска основа“, рече Реџепи.

Според член 126 од Деловникот, седница може да свика претседателот на работното тело, по барање на претседателот на Собранието или најмалку една третина од членовите. Реџепи рече дека до него не пристигнало никакво такво барање и дека седницата затоа е поништена.

Тој најави дека ќе поднесе кривична пријава доколку претседателот на парламентот продолжи со постапки спротивни на процедурите. Од кабинетот на Гаши засега нема коментар.

Седницата требаше да се одржи поради обвинувања за незаконско прислушкување од страна на АНБ во периодот 2019–2024 година, а со неа требаше да претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Реџепи додаде дека тој и неговиот заменик сè уште немаат безбедносни сертификати, иако, како што рече, чекале повеќе од десет месеци.

Related posts

Изборите завршија, темата „Преспа“ останува

admin

Се испитува телефон, два пиштола и контактите на Палевски

admin

По дијагнозата рак: Голема загриженост за кралот Чарлс Трети

admin

Димитриевски тврди „нулта корупција“ – ЗНАМ бара уште едно место во Владата

admin

Радоичиќ ослободен, реагира Ѓилас: Вучиќ да поднесе оставка, ќе се соочиме со санкции

admin

Холандската амбасадорка во С. Македонија со порака до Скопје – Европа не бара совршенство, туку континуитет

admin