26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Петровска: Власта бега од надзор врз безбедносните служби

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во петокот ја обвини власта за несериозен пристап кон надзорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, откако седницата на собраниската комисија беше одложена поради, како што рече, процедурни пропусти.

„Подготвена сум да претседавам кога и да се закаже седницата, но очигледно власта сака вниманието да го насочи кон деловнички интерпретации, наместо кон суштината – надзорот што не го посакуваат“, изјави Петровска на прес-конференција.

Таа рече дека СДСМ инсистира на итна декласификација на документите поврзани со случајот, за кои тврди дека можат да откријат „интересни сознанија“. Според неа, одложувањето може да е резултат на страв од тоа што ќе биде обелоденето.

Петровска посочи дека постои можност за привремен безбедносен сертификат за претседателот на комисијата, што би овозможило седницата да се одржи веднаш. Таа додаде дека е подготвена да се потпише на иницијатива за свикување на комисијата, и обвини дека манипулациите може да бидат подготовка за спојување на двете агенции со директор без искуство во безбедносниот сектор.

Related posts

Косово се соочува со институционален ќор-сокак поради спор околу оставките на министрите

admin

„Не учествувавме во војната“: Мелони го обвини Руте дека ја довел Италија во политичка криза

admin

Косово пред нови предвремени избори, трети по ред за две години 

admin

ЗАПАДОТ ЕДНОГЛАСЕН ВО ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА

ninja

Лидерска или парада на луксуз? BMW-то на Касами предизвика бура реакции

admin

Алиу најави закон за олеснување на трансплантација на бубрег

admin