11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Цените на храната „здивеа“ од мерките на Владата

Откако пред две недели цените на одредени прехранбени производи и пијалаци беа намалени за 10 проценти, сега одново дел од тие производи се со повисоки цени. Владата,имено, дел од овие производи ги опфати во најновата мерка за зголемен ДДВ во која требаше да бидат вклучени само луксузните производи.

Од денеска повторно нови и повисоки цени во маркетите – две недели откако околу 50 производи се намалија за најмалку 10 проценти, сега повторно нов ценовен шок за граѓаните. Од денеска во маркетите околу 1 000 производи се со повисоки цени бидејќи, данокот на додадена вредност (ДДВ) за нив се зголемува од 5 на 10 проценти.

Од Владата претходно, кога и беше најавена оваа мерка, соопштија дека во неа ќе бидат опфатени само луксузните продукти, меѓутоа сликата во маркетите е поинаква. Од изутрината на 6 ти Октомври по нови повисоки цени се продаваат и производи како цвеклото, мајонезот, лутеницата, компоти, сите видови апетисани, конзервирана храна, но и храна за деца.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објасни дека дел од овие цени ќе треба да се ревидираат, а потенцираше и дека ако има некакви пропусти, на следната владина седница ќе бидат решени.

„Ако трговците и производителите поинаку ја прочитале или не е доволно јасна, некој не знае дали, на пример, кравјото сирење треба да влезе во 5 или 10 отсто, можеме да објасниме и на следната владина седница такви пропусти, ако има, да ги решиме. Мора да кажеме што е тоа што сметаме дека треба да го стимулираме. Граѓаните имаат навики за храна, но одредени продукти, ако во овој момент сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 отсто, оставаме простор да се ревидира ако тоа е дел од секојдневната исхрана на граѓаните. Сметам дека може да има поинакво толкување на одредени царински стапки, на одредени продукти, затоа што не е целосно јасно“, изјави Битиќи.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

ЗЕЛЕНСКИ ВО КОНГРЕСОТ: „ЌЕ ПОБЕДИМЕ БИДЕЈЌИ СМЕ ЕДИНСТВЕНИ“

ninja

НАТО: НЕМА ДОКАЗИ ЗА НАПАД ОД РУСИЈА ВРЗ ПОЛСКА

ninja

Касами со до правосудните органи: Вистинските виновници за трагедијата во Тетово се Анѓушев и Филипче

admin

Лишен од слобода албански државјанин, користел лажна патна исправа

admin

СТАТИСТИКА: Многу мал број на обвинети докажуваат дека се невини

admin

Норвешкиот ер шатл воведе директен лет Скопје-Осло

admin