30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СЕ СОГЛАСУВА СО АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ВО ОДНОС НА КОРУПЦИЈАТА, ПОВИКА ДА СЕ ПРИЈАВУВААТ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ

Вчера амбасадорката на САД во земјава изјави дека намалувањето на корупцијата во која било форма е важно оти во спротивно „ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува“

Апсолутно се согласувам со амбасадорката Агелер, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан како ја коментира изјавата на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер која вчера изјави дека иако чекори по патот на Европската Унија, сепак, Северна Македонија е закочена во напредокот поради корупцијата.

„Јас асполутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институиции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности“, рече Ковачевски.

Вчера амбасадорката на САД во земјава во своето обраќање по повод одбележувањето на јубилејната 30-годишнина од партнерството на УСАИД со С Македонија изјави дека намалувањето на корупцијата во која било форма е важно оти во спротивно „ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува“.

„Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Северна Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство“,  изјави вчера амбасадорката Агелер.

Во делот на борбата против корупцијата и владеењето на правото, премиерот Димитар Ковачевски денеска кажа дека Владата треба во рамки на своите надлежности да овозможи независно функцонирање на судството и на Обвинителството во дражвата.

Премиерот нагласи и дека вчера имал состанок со амбасадорката Агелер и со потсекретарот на САД за борба против тероризам и перење пари, на којшто, како што рече, разговарале во однос на теми поврзани со надлежностите на МФ на САД и посебно на овој потсекретар. Во тој дел, како што рече, ќе следуваат заеднички активности.

Related posts

Арсовска: Општина Ѓорче Петров усвоила урбанистички план што овозможува индустриски објекти врз водоснабдителна зона

admin

Мицкоска учествува на самит во Вашингтон организиран од Меланија Трамп

admin

Бериша: Рама го дискриминира северот на земјата

admin

„Форин аферс“ предупредува: Светскиот мир се распаѓа, Обединетите нации ја губат улогата

admin

КОЛКУ МНОГУ АГЕНТИ

ninja

Крастев: Скопје „стисна“ пауза во евроинтеграцијата, спонзор на Мицкоски е Вучиќ

admin