11.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Стоилковски до Османи: Земи креда и со големи букви напиши – УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска постави низа на прашања и го повика министерот и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, да земе креда и на таблата да напише одговори, на ист начин како што ја објасни преговарачката рамка со ЕУ, пренесува Инбокс7.

“Во кој кластер за ЕУ се преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја? Во кој кластер за ЕУ е потребно полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер? Во кој кластер за ЕУ е претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравија да ја добие? Во кој кластер за ЕУ е изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава? Во кој кластер за ЕУ се Хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното Аудито на Груби?”.

Понатаму Стоилковски праша: “Во кој кластер за ЕУ е кабелот за тетовската болница? Во кој кластер е лагата за лекот Трикафта, во кој кластер се душите на 45те изгорени во автобусот Беса Транс? Во кој кластер за ЕУ се кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи? Во кој кластер за ЕУ е фирма за гаќи избрана за надзор за градба на автопат?Во кој кластер за ЕУ се фабриката на Дестани за коли на струја и концесија за Иловица? Во кој кластер за ЕУ се издавање пасоши за светски мафијаши? Во кој кластер за ЕУ е државна земја за фирмата на сопругата на премиерот? Во кој кластер за ЕУ е договор за градба на коридор со пенали за предвидени непостоечки закони? Во кој кластер за ЕУ е немање учебници, а во кој кластер трите милиони евра за Арберија? Во кој кластер за ЕУ се вработувањата на новинарката и сопругата на Мартин Костовски како неопходни во МНР? Во кој кластер за ЕУ е доведување на Македонија во подредена положба и намерно загрозување на нејзините интеграции? Во кој кластер е предавството и одговорноста која што ќе следи?”

На крај Стоилковски му порача на Бујар Османи да зема креда и со големи букви напиши: “УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА!”.

“Бујар Османи да си ја реализира оставката, што сепак нема да го спаси од одговорност! Само избори се спасот”, вели Стоилковски.

 

 

 

 

 

Related posts

Веб-страници за ширење дезинформации никнуваат како печурки во Бугарија

admin

Што се касетните бомби што САД планираат да испратат во Украина? (ВИДЕО)

admin

Зошто Северна Македонија, Бугарија и Русија не се натпреваруваат на Евровизија оваа година?

admin

НЕИЗВЕСНОСТ И МНОГУ НЕРВОЗИ ПО САЈБЕР НАПАДОТ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

ninja

Невработеноста во ЕУ на историско најниско ниво

admin

Фридом хаус: Корупцијата и судската независност со најниска оценка

admin