19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ФРП ја презентираше првата национална алатка за мерење на политички интегритет во Македонија

Форум за разумни политики (ФРП) денеска ја презентираше првата верзија на Индексот за политички интегритет (ИПИ), национален инструмент наменет за мерење, промоција и поттикнување на културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот.

Настанот, одржан во Клубот на пратеници, го следеа претставници на институции, медиуми и граѓански организации.

Во воведното обраќање, Гордан Георгиев од ФРП дека ИПИ е создаден во контекст на намалена доверба на граѓаните во институциите и политичките актери. „Податоците го потврдуваат она што сите го чувствуваме: јавниот дискурс често е обременет со нетранспарентност, негативна реторика и недоволна отчетност. Индексот не служи за казнување, туку за поттикнување доблест, учење и партнерство,“ рече Георгиев.

Наодите од теренското истражување на јавното мислење ги презентираа Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки комуникации, и Елена Огненовска од Тим Институт. Резултатите покажаа дека граѓаните сметаат дека политичката релевантност треба да се мери и преку интегритет, не само преку политичка моќ. Истражувањето укажа на потребата од поголема отчетност, етичко однесување и институционални практики кои ја градат довербата кај јавноста.

Во вториот дел од настанот беше претставена методологијата на ИПИ. Георгиев и Сиљјаноска објаснија дека индексот има четири клучни цели:

  • нормализирање на интегритетот како мерило за политичка релевантност;

  • јакнење на видливоста и признанието за етичко и чесно однесување;

  • отворање можности за корекција и унапредување на институционалните практики;

  • поттикнување дијалог заснован на вредности.

ИПИ е замислен како општествен ресурс чија кредибилност зависи од учеството на сите засегнати страни – институции, независни тела, академската заедница, медиуми и граѓанскиот сектор. На настанот беше истакнато дека Форумот веќе упатил писмо на намера до клучните чинители за воспоставување партнерство во заедничка имплементација и институционализација на ИПИ.

Со презентирањето на ИПИ започнува поширок општествен процес за градење нов јавен стандард, во кој политичкиот интегритет не е исклучок, туку норма.

Related posts

Мицкоски и Орбан го запечатија пријателството

admin

Православните христијани го слават Божиќ, празникот на Христовото раѓање

admin

Руте: Потребна е посилна Европа во посилно НАТО

admin

Ахмети: Курти ја ослабнаа позицијата на Албанците во Северна Македонија

admin

Иран повторно го затвори Ормускиот теснец, тензии по американската блокада

admin

Кошта: Русија засега е единствениот победник од војната на Блискиот Исток

admin