22.8 C
Скопје
12 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ контра Пендаровски за казината

Партијата на Али Ахмети смета дека Пендаровски ја фрлил во корпа за отпадоци довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа и ја одбрал страната на обложувалниците и казината.

Одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за игрите на среќа предизвика незадоволство кај Демократската унија за интеграција (ДУИ). Партијата на Али Ахмети оцени дека ваквата одлука е за „жалење“ и најави дека нема да се предаде во битката за оддалечување на казината на 500 метри од училиштата.

Пендаровски одлуката да не го потпише указот ја образложи со несоодветната употреба на европското знаменце. Тој ги повика пратениците пак да почнат дебата за ова прашање, но во редовна законодавна постапка.

„Образложението дека европското знаменце била злоупотребено за усвојување на законот е приказна за мали деца. Замислете немале забелешки за содржината, туку за процедурата. Ние не се предаваме во оваа битка и убедени сме дека пратениците со чиста совест се на страната против казината и обложувалниците“, се вели во реакцијата на ДУИ.

„Доверба фрлена во корпа за отпадоци“

Собранието на седницата одржана на 7 февруари го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и за забавните игри, што предизвика незадоволство кај обложувалниците и казината. 

„Опозицијата две години по ред го блокираше законот за оддалечување на казината и обложувалниците од нашите училишта и деца. Сите ги знаеме нивните мотиви. По сите блокади и опструкции, парламентарното мнозинство конечно го изгласа законот, кој го поздравија сите граѓани, Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Босанци и сите останати, а посебно мајките со пораки ‘ни ги спасивте децата’, како и здруженијата против коцкање“, порачуваат од партијата на Ахмети.

Тие сметаат дека „Стево Пендаровски ја фрлил во корпа за отпадоци“ довербата на пратениците и граѓаните кои го поддржаа, како и битката за отстранување на казината и обложувалниците од училиштата и децата, за двојно зголемување на даноците и зголемување на буџетските приходи и отежнување на процедурите за отворање и проширување на индустријата. Тој ја одбра страната на обложувалниците и казината, порача партијата, која што е дел од владината коалиција.

Законските измени за игрите на среќа со месеци ја брануваат јавноста. Полемиката се водеше меѓу различни здруженија – едните притискаа за затворање на коцкарниците и обложувалниците и нивно дислоцирање што подалеку од училиштата. Други, пак, бараа да се заштити секторот кој сметаат дека е „најголемиот работодавец“ во земјата.

Движењето „Анти коцкање“ неколкупати организираше протести за отстранување на објектите на игрите на среќа од населените места. Но, од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ беа окарактеризирани како „група за играње на црно“, која делува како огранок на една владејачка партија која јавно се критикува дека има бизнис интерес да поминат законските измени на Законот за игри на среќа во ваква форма.

Со масовни протести против законот

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) и Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ ја поздравија одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот.

„Ова е уште една потврда дека одлуката да се гласа законот по скратена постапка и под знамето на ЕУ немаше правна основа и беше во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста. Го повикуваме Собранието, сите пратеници, сите политички партии и чинители да се вразумат и конечно да се отвори јавна расправа за овој важен закон. Ајде заедно да донесеме европски закон кој вистински ќе ги штити интересите на граѓаните“, се вели во соопштението од АСОМ.

Оттаму посочуваат дека доколку повторно има обид за носење на законот со сила, ќе организираат масовни протести. /DW

Related posts

Зошто Путин го запре целиот извоз на бензин и дизел надвор од Русија?

admin

ОПОЗИЦИЈАТА БАРА ОСТАВКА ОД СПАСОВСКИ ПО ВЧЕРАШНОТО УБИСТВО ВО КАФУЛЕ ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА

ninja

Што направил архимандритот Васијан пред Бугарија да го протера?

admin

Вештачката интелигенција станува национална опасност, може да служи како алатка за терористите

admin

АКО ВО СОСЕДСТВОТО ВРИЕ, СЕ СЛЕДИ ИЛИ СЕ СПИЕ?

ninja

ЗА 14 МЕСЕЦИ ИЗДАДЕНИ ЛИЦЕНЦИ ЗА 355 ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ

ninja