10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски најавува национален систем за борба против хибридните и информациските закани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе изгради интегриран систем за препознавање, анализа и одговор на хибридните и информациските закани, нагласувајќи дека тие претставуваат еден од најкритичните безбедносни предизвици на современото време.

„Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која координирано, брзо и професионално реагира на манипулации и дезинформации“, рече Мицкоски на конференцијата „Хибридни и информациски закани: од препознавање кон национален системски одговор“, организирана од Институтот за комуникациски студии.

Премиерот додаде дека целта е создавање општество и институции кои можат да препознаат лажни вести и манипулации, со брз и стратешки одговор, истакнувајќи дека дезинформациските кампањи се и медиумски и безбедносен проблем со стратешки последици.

На конференцијата присуствуваат и странски дипломати и домашни експерти, а Мицкоски порача дека хибридните закани треба да станат главен приоритет во реформите за национална безбедност.

Related posts

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ дефокусира поради наводни врски со санкциониран бизнисмен

admin

Радев со поддршка на новоизбраниот проруски патријарх Даниел

admin

Универзитетите бараат корекции, Владата ја брани реформата во високото образование

admin

Грчки аналитичар: И по Бугарија, Македонија ја чека нова пречка на патот кон ЕУ

admin

Доналд Трамп: Зошто Европа не дава повеќе пари за да и помогне на Украина?

admin

Експлозив кај гасовод меѓу Србија и Унгарија – Орбан свика итен состанок

admin