7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ЗНАМ ја обвини коалицијата Вреди дека ја „изиграла“ ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Потпаролот на партијата ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, упати остри критики кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека не го поддржала кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во вториот круг од локалните избори во Скопје.

„Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте“, напиша Мемов на својот профил на Фејсбук, додавајќи дека ЗНАМ платила „огромна цена“ за својата поддршка на Вреди во претходните изборни договори.

Постот доаѓа по првите резултати од гласањето во Скопје, каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да обезбеди доволна поддршка за победа. Мемов тврди дека токму изостанатата поддршка од Вреди го нарушила исходот.

Од коалицијата Вреди засега нема официјален одговор на обвинувањата.

ЗНАМ, партија што по последните парламентарни избори склучи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во последно време сè почесто испраќа пораки кои укажуваат на растечко незадоволство во владејачката коалиција.

Related posts

Скопјанец ограбен во Дренас, Косово – украдена лична документација

admin

Каде е добрата волја во формулата за добрососедски односи?

admin

Африм Гаши ја преживеа интерпелацијата

admin

Три обележани банкноти од по 100 евра: Како падна професорката од Штип

admin

Даниловски: Да се елиминира монополот на Фондот за здравство

admin

Шилегов: Раководството на СДСМ носи одлуки во тесен круг, партијата е во длабока криза

admin