8.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Петровска со сомнежи, Тошковски со демант

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отфрли тврдењата на пратеничката Славјанка Петровска дека апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, било поврзано со локација блиска до домот на министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Петровска, на седницата за пратенички прашања, изнесе сомнежи за селективно постапување и можно прикривање детали од полициската акција, прашувајќи дали операцијата била прекината пред парите да стигнат до повисоко ниво.

Таа рече дека фотографија од апсењето, објавена во медиумите, според неа укажува дека локацијата била подземна гаража во објект поврзан со адресата на министерот за земјоделство.

Тошковски ги оцени ваквите тврдења како „дезинформации“ и рече дека станува збор за обид за дефокусирање на јавноста. Тој додаде дека во истиот објект живеат повеќе сегашни и поранешни функционери.

Министерот објасни дека апсењето било извршено таму бидејќи, според него, на таа локација бил извршен преносот на парите.

„Лицето е фатено ин флагранти. Законот се спроведува неселективно и за сегашни и за поранешни функционери“, рече Тошковски.

Анакиев беше уапсен на 19 март под сомнение дека побарал поткуп од 100.000 евра за да овозможи увоз на стока. Според МВР, првата рата од 50.000 евра требало да биде предадена при полициската акција, а останатите средства подоцна.

Петровска побара одговор дали случајот бил целосно истражен и дали постои евентуална поврзаност со други функционери.

Тошковски, пак, најави дека МВР ќе продолжи со постапување против сите лица за кои ќе има докази за криминал, без оглед дали се актуелни или поранешни функционери.

Related posts

Се олеснува пристапот до работа во Македонија, Србија и Албанија: Што ќе значи новата мерка за македонските работници, а што за газдите?

admin

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци во случајот со смртта на скопјанка и нејзината ќерка

admin

Политико: Србија се сврте кон својот долгогодишен сојузник Русија

admin

Арсовска до Мицкоски: Градот Скопје нема надлежност за дивоградби – постапувајте согласно законот

admin

Кој е Петер Маѓар? Некогаш држел фотографија од Орбан на ѕидот во својата соба

admin

Хеликоптери, хаубици и дронови: Македонија го прави најголемиот воен тест во историјата

admin