36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тетовасот објави нов скандал: Касами продал јавен паркинг за само 190.000 евра

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, се соочува со нов скандал поради продажбата на јавен паркинг во центарот на градот, само неколку месеци по контроверзната продажба на поранешниот објект Монопол за симболични 1 евро по квадратен метар.

Според документи објавени од порталот на албански јазик Тетовасот (Tetovasot), Касами потпишал договор со кој паркинг со површина од 2.986 квадратни метри се продава по цена од 16.000 денари по метар квадратен – што формално изнесува околу 800.000 евра. Меѓутоа, реалната сума платена на 28 февруари 2025 изнесува само 11,8 милиони денари, односно приближно 190.000 евра. Разликата, според извештајот, се очекува да се „компензира“, но тоа не е прецизирано во договорот.

Недостигањето на транспарентност и употребата на надворешна компензација за дел од вредноста на земјиштето не се нотирани во официјалниот договор, што, според правни експерти, претставува прекршување на законите за јавни набавки и транспарентност.

Порталот објави копија од потпишаниот договор, имотен лист за парцелата и податоци за трансакцијата. Во 2020 година, истата парцела била проценета на 1,5 милиони евра на јавна лицитација, а денешната пазарна вредност, според проценки на експерти, изнесува меѓу 2 и 2,5 милиони евра.

Сепак, продажбата била реализирана без јавен тендер, преку процес познат како „компензација“, во кој општинската парцела е споена со соседна приватна, оставајќи го само сопственикот на приватната како потенцијален купувач.

Дополнително, медиумот наведува дека Касами пред неколку месеци изјавил дека паркингот не е продаден. Сега, пак, неговиот потпис стои на договорот, што укажува на обид за прикривање на трансакцијата.

 

Ова не е првпат имот од јавен интерес да биде отуѓен под сомнителни околности. Порталот Тетовасот ги наведува следните контроверзни продажби за кои треба да се заинтересира обвинителството и другите надлежни органи:

  • Поранешниот објект Монопол – продаден за 1 евро/м²

  • ЈКП НПК – продадено на австриската „Saubermacher“, со што цените за граѓаните пораснаа петкратно

  • Системот за јавно осветлување – според план што ќе предизвика загуба од 15 милиони евра во следните 15 години

  • Паркинзи – што се приватизираат еден по еден

  • Во најава – приватизација на водоснабдувањето по следните локални избори

Ова, според Тетовасот, е еден од најсериозните скандали во мандатот на Касами, имајќи предвид дека на истата локација пред изборите тој ветувал изградба на катна гаража. Наместо тоа, јавниот простор бил продаден по цена значително пониска од пазарната.

Порталот објави и видеоматеријали и договори што го потврдуваат случајот. Градоначалникот сè уште не издал официјална изјава.

Related posts

Мицкоски: Ако е мудар Ахмети, ќе сфати зошто е во опозиција

admin

Албанските парламентарни избори без рамноправни услови, велат меѓународни набљудувачи

admin

Фон дер Лајен: Путин е „предатор“, потребно е силно одвраќање

admin

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани со ултиматум: по 3 октомври маршевите стануваат блокади

admin

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

АНАЛИЗА НА БИРС: Меѓу европската стандардизација и дилемата за универзитетската автономија

admin