29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче во Брисел: Во државата ни се воведува автократија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојува во Брисел, каде што, според објавените фотографии, учествува на состанок на групата на социјалистички партии, користејќи ги средбите за да побара поддршка од европските партнери за, како што рече, одбрана на демократијата во Северна Македонија.

Филипче во објава на социјалните мрежи оцени дека неодамна изгласаната резолуција во Собранието, предложена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, претставува „директен удар врз демократијата, слободата на говор и политичкото дејствување“, додавајќи дека станува збор за прва таква резолуција насочена против опозицијата во историјата на земјата.

„Кога парламент носи неуставна резолуција против опозицијата, државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам“, напиша Филипче, оценувајќи дека власта има намера да ја ограничи работата на опозициските партии и да ја загрози слободата на изразување.

Тој најави дека во Брисел ќе побара поддршка од европските социјалистички и социјалдемократски партии, како и од, како што ги нарече, сите прогресивни и демократски сили во Европа, со цел зачувување на демократските стандарди во земјата.

Филипче повика и на формирање „единствен граѓански фронт за правда, слобода и демократија“, во кој, според него, би се обединиле граѓани без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност.

Во Брисел од завчера престојува и премиерот Христијан Мицкоски.

Related posts

Фетаи против Таравари: Од 50 функционери на АА, само 3 поднеле оставки

admin

ДУИ ја обвини владата за економски неуспех, блокада на ЕУ-патот и притисоци врз Албанците

admin

Четворица обвинители избрани во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

admin

Саманта Пауер: Руската инвазија на Украина влијае на светската безбедност на храната

ninja

Брисел испраќа остро предупредување: Македонија без напредок во клучните реформи

admin

“Одредете си цена за вашите деца” – Родителите на жртвите од Кочани велат дека добиле навредлива понуда од Мицкоски

admin