10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Филипче во Брисел: Во државата ни се воведува автократија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојува во Брисел, каде што, според објавените фотографии, учествува на состанок на групата на социјалистички партии, користејќи ги средбите за да побара поддршка од европските партнери за, како што рече, одбрана на демократијата во Северна Македонија.

Филипче во објава на социјалните мрежи оцени дека неодамна изгласаната резолуција во Собранието, предложена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, претставува „директен удар врз демократијата, слободата на говор и политичкото дејствување“, додавајќи дека станува збор за прва таква резолуција насочена против опозицијата во историјата на земјата.

„Кога парламент носи неуставна резолуција против опозицијата, државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам“, напиша Филипче, оценувајќи дека власта има намера да ја ограничи работата на опозициските партии и да ја загрози слободата на изразување.

Тој најави дека во Брисел ќе побара поддршка од европските социјалистички и социјалдемократски партии, како и од, како што ги нарече, сите прогресивни и демократски сили во Европа, со цел зачувување на демократските стандарди во земјата.

Филипче повика и на формирање „единствен граѓански фронт за правда, слобода и демократија“, во кој, според него, би се обединиле граѓани без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност.

Во Брисел од завчера престојува и премиерот Христијан Мицкоски.

Related posts

Светот во најопасна точка од Студената војна наваму

admin

Пендаровски стави параф на законите за коридорите, Груби ја поздрави одлуката

admin

Влада Борисов-Петков во Софија, помека политика кон Скопје

admin

Оди Адидас, доаѓа Најк: Критики за Германската фудбалска федерација

admin

Мицкоски ги продал хидроцентралите, министерката Божиновска поседува фирма во Чешка

admin

Африм Гаши хоспитализиран поради проблеми со дигестивниот систем, се третира медикаментозно

admin