27.7 C
Скопје
7 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Спасовски: Наместо парцијални измени, потребен е целосно нов Изборен законик

Пратеникот на опозицискиот СДСМ, Оливер Спасовски, оцени дека наместо натамошни парцијални измени, на Северна Македонија ѝ е потребен целосно нов Изборен законик, предупредувајќи дека постојното законско решение е преоптоварено со бројни интервенции.

„Имаме над 30 измени на Изборниот законик и факт е дека треба да се донесе нов закон“, изјави Спасовски во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој оцени дека ваквиот пристап е дел од поширок проблем во реформската агенда, наведувајќи дека владата не ги исполнила ветувањата за системски законски решенија.

„Наместо нов Кривичен законик, добивме само измени, што покажува дека реформите се водат парцијално, а не суштински“, рече Спасовски.

Во однос на евентуалните промени на моделот на техничка, односно преодна влада, Спасовски изјави дека таквите прашања треба да бидат предмет на сериозна политичка дебата со учество на најголемите партии и меѓународната заедница.

Тој додаде дека во јавноста постојат шпекулации за можни предвремени парламентарни избори, но нагласи дека фокусот треба да остане на стабилноста на институциите и спроведувањето на суштински изборни реформи.

 

Related posts

Возачот што ја усмрти Теодора Ристевска осуден на 2 години затвор

admin

Собранието избра двајца нови министри, Муртезани преминува во кабинетот на премиерот

admin

Дали мобилните телефони го убиваат читањето? Дебата во Британија по листата на 100 најдобри романи

admin

Европратеници бараат Русија да не учествува на Венециското биенале

admin

Германија гледа странско саботирање како подготовка за војна во нов воен план

admin

Ќе наплаќа ли Фејсбук за негово користење?

admin