26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Деспотовски до СДСМ: Јавно извинување или правна постапка

Тензиите меѓу поранешни високи функционери на опозициската СДСМ и актуелното раководство продолжуваат да ескалираат. По вчерашното телевизиско гостување на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој повика на оставка на сегашното раководство, и реакцијата на СДСМ во која беше споменат поранешниот функционер, денеска остро реагираше и самиот Деспотовски.

Во објава на Фејсбук, Деспотовски побара јавно извинување од партијата и најави правна постапка доколку тоа не се случи. Тој го обвини актуелното раководство за создавање незадоволство меѓу членовите на партијата.

„Ниту сметам, ниту чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни и сегашни функционери јавно коментираат за состојбите во СДСМ и одлуките на сегашниот партиски врв. Никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата“, напиша Деспотовски.

Тој додаде дека ако не следи јавно извинување и повлекување на, како што ги нарече, лажните и навредливи тврдења, ќе преземе „правни чекори за клевета и нарушување на угледот на СДСМ“.

„Никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали“, се наведува во објавата на Деспотовски.

Related posts

Билјана Ванковска: Против сите договори

admin

Мицкоски подготвува стратегија и следни чекори

admin

„Македонија е заложник“ – остра порака на Муцунски од Софија

admin

Крвавата граница повторно гори: Десетици цивили загинаа во пакистански напади врз Авганистан

admin

Германски избори: Отворени избирачките места на клучното гласање

admin

Маратонска седница за разрешување на министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу

admin