10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Мицкоски со владина делегација заминува во Давос на Светскиот економски форум

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, од утре ќе учествува на 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија, каде ќе биде придружуван од висока владина делегација, соопшти владата.

Годинешното издание на форумот се одржува под мотото „Во духот на дијалог“ и ќе обедини околу 3.000 политички и бизнис лидери, вклучително и повеќе од 65 шефови на држави и влади, во период на зголемени геополитички и економски тензии.

Според најавите, Мицкоски ќе одржи серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, со цел промоција на инвестициските можности во земјата, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.

Македонската делегација ќе учествува и на панели посветени на одржливиот развој, енергетската транзиција и инфраструктурното поврзување на регионот, како и на дискусии за вештачка интелигенција и нови модели за економски раст во Европа.

Форумот во Давос се одржува во време кога Европа се соочува со предизвици поврзани со односите со Соединетите Американски Држави, глобалната трговија и безбедносната архитектура, при што светските лидери бараат заеднички одговори на тековните кризи.

Related posts

Брисел го стави владеењето на правото под лупа: Северна Македонија повторно во годишниот извештај на ЕК

admin

Пад на цените на нафтата, Волстрит со рекорд по отворањето на Ормузкиот теснец

admin

Повторно забележан Кинески “метеоролошки” балон

admin

Муцунски под критики од српски медиуми поради поддршката на апсењето на Мадуро

admin

Задолжителни ли се „онлајн визите“ за ЕУ? – Информации и дезинформации во интернет просторот

admin

Четворица кандидати за пратеници во битка за две пратенички фотелји

admin