26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Муцунски под критики од српски медиуми поради поддршката на апсењето на Мадуро

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, се најде на удар на критики од српски медиуми блиски до претседателот Александар Вучиќ, откако јавно ја поддржа акцијата на САД за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Весникот Informer, познат по често анти-западна редакциска политика, излезе со наслов „Северномакедонски  бедник! Балканските ‘банана држави’ го слават падот на Венецуела – се очекува и Црна Гора?“, потенцирајќи ја поделбата во регионот за односот на балканските земји кон меѓународните кризи.

Муцунски преку платформата X го поздрави решението на претседателот Доналд Трамп да го лиши Мадуро од слобода и да го изведе пред американските судови, додека ја пофали и активноста на американскиот државен секретар Марко Рубио во борбата против „нарко-криминалните мрежи“ на режимот во Каракас.

„Го поздравувам соопштението на претседателот Трамп дека Николас Мадуро е уапсен и ќе се соочи со правдата. Исто така ја ценам лидерската улога на државниот секретар Марко Рубио во соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро. Одговорноста е важна. Стоиме со Соединетите држави и со народот на Венецуела во нивната борба за слобода и демократија“, напиша Муцунски.

Критичарите во Србија забележуваат дека во изјавите на Муцунски нема ниту збор за националниот суверенитет, меѓународното право или правниот преседан за апсење лидер на друга држава.

Related posts

Мицкоски ги отфрла обвинувањата за пожарите, најавува построги казни

admin

Џезаири: Залагањето на Мицкоски за бришење на ДУИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да негува антиалбанство

admin

Која е Билјана Ангелова, новата ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“?

admin

Курти алармира: Радоичиќ планира нови напади на Косово

admin

“Моето сеќавање е добро, по ѓаволите”, гневно реагираше Бајден

admin

МЗ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ потпишаа Меморандум

admin