20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче жестоко до Мицкоски: Нема средба со криминални структури

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави денеска дека нема да има средба со, како што ги нарече, „криминални структури“, додавајќи дека техничката влада мора да остане и дека неговата партија нема да даде легитимитет за распишување предвремени парламентарни избори.

„Средба со криминалци нема да има. Нема разговори за техничката влада“, рече Филипче, обвинувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека е под притисок и бара алиби за предвремени избори.

Според Филипче, актуелните политички случувања се дел од „сценарио осмислено уште минатата година“, за кое, како што рече, СДСМ јавно предупредувала со месеци. Тој тврди дека планот вклучува предвремени избори и финансиски аранжмани поврзани со мигрантска политика.

„Нема пари во буџетот, а власта брза да отвори простор за задолжување, вклучително и кредит од околу 6 милијарди евра, со дополнителни средства по мигрант, како што објавија британски медиуми“, изјави Филипче, без да наведе конкретни извори.

Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери можат самостојно да распишат избори, но дека СДСМ нема да биде „покритие за тоа сценарио“.

Филипче ја обвини владата за, како што рече, системска узурпација на институциите, наведувајќи дека е воспоставена контрола врз правосудството и обвинителството и дека се носат измени на Кривичниот законик спротивно на препораките на Европската Унија.

Тој исто така критикуваше неодамнешни законски и политички чекори, меѓу кои резолуција што, според него, ја ограничува слободата на говор на опозицијата и Законот за полиција, за кој рече дека води кон партизација на безбедносните структури.

Филипче најави дека во текот на наредниот ден ќе организира брифинг на кој ќе изнесе детали за предложените законски измени во областа на правосудството.

Во своето обраќање, лидерот на СДСМ ја поврза актуелната политичка динамика и со регионалните случувања, посочувајќи дека изјавите за избори во Северна Македонија следеле кратко по изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој се осврна и на неодамнешни иницијативи на САД поврзани со Западен Балкан, нагласувајќи дека засилената меѓународна фокусираност на борбата против корупцијата и криминалот ги забрзала процесите во земјата.

„Мицкоски повикува на средба, а до вчера не обвинуваа секојдневно и пласираа лажни вести. Сега е јасно дека средба нема да има“, рече Филипче.

„Техничката влада останува. Со луѓе за кои сметаме дека се обидуваат да се спасат од одговорност, нема преговори, има само одговорност“, додаде тој.

 

Related posts

ДОАЃА АМБАСАДОРОТ АГЕЛЕР, ПРИОРИТЕТ – БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

ninja

Што направија тарифите – и дали трговската војна завршува?

admin

РУСИЈА ГИ ОБВИНУВА САД ЗА „ИНДИРЕКТНА ВОЈНА“

ninja

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

admin

Муцунски: Македонскиот јазик, идентитетот и достоинството не се предмет на преговори

admin

Им се нуди накит од 130 денари за потоа да им се испразнат сметките: Многу граѓани се жалат на Интернет измами

admin